Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Заев: Можеби корона вирусот ќе не стави во поинаков вид на кампања, но не гледам причина изборите да се одложат

:lolzz:
Овој при здрав разум е или ...
 
Italy
Confirmed: 12,462
Deaths: 827
Recovered: 724
Active: 10,911

Уште малце и една четвртина од починатите во светот ќе се од Италија - страшно.

6,6% умрени

Ништо страшно коронава скоро исто како обичен грип.
 
Ние сме ти народ haha kakva korona be, samo pivo od korona priznavam, меѓувремено јадеме гомна јавно зошто не се превземаат соодветни мерки, плукаме како за кур не не бива, али сме многу смешни и вицкасти на твитер. Тепачка е кој прв ќе преведе статус и да ќари некое лајкче.
Од друга страна сами ништо не превземаме и уште идеме со муабетот koronava nisto ne ni moze glej od obicna nastinka kolku ginat.
Стока народ.
 
6,6% умрени

Ништо страшно коронава скоро исто како обичен грип.
Него ме чуди Меркел, 60% од Германија се 48 милиони х 6.6% = 3.168.000.
Мн охрабрувачко соопштение даде.
Во ваков стил

 
Гледајте го, интересни поенти има.
 
Глупациве од СДС и ЖНЕ со кој памет ќе тераат кампањи кога е јасно дека за недела-две тука ќе биде лудница, а за месец време кога ќе се изборите кој знае колкав процент од населението ќе се лекува. Викам не дај Боже така да биде, ама по секоја можна логика се дава да се заклучи дека се повеќе и повеќе ќе сме на удар од вирусов. Не дека е голема смртноста, ама со нашево здравство ќе биде за некој процент поголема отколку во побогатите држави. Поентата е повеќе од јасно е дека секоја нормална држава треба да одлага избори дури да се види на кај ќе тера ситуацијава.
 
Него ме чуди Меркел, 60% од Германија се 48 милиони х 6.6% = 3.168.000.
Мн охрабрувачко соопштение даде.
Во ваков стил


Во Германија нема толкава смртност.

Кај Италијанциве е излезено од контрола, немаат доволно капацитети да ги лекуваат луѓево.

Само јас му се чудам на глупациве наши, кои ги слушаат српските глупаци, затоа што ние и Србија имаме уште помалце капацитети од Италија.
 
А ракавици гумени само еден има ( тој да не е негативниот) ???
zariste1-696x464.jpg
 
Во Германија нема толкава смртност.

Кај Италијанциве е излезено од контрола, немаат доволно капацитети да ги лекуваат луѓево.

Само јас му се чудам на глупациве наши, кои ги слушаат српските глупаци, затоа што ние и Србија имаме уште помалце капацитети од Италија.

Нема конкретна статистика ама на интернет се пишува дека голем дел од смртните случаи биле 80+ години, за споредба во Вухан 80% над 60+ години пишува

Кај Италија настрана задоцнетата реакција од надлежните како дополнителни проблеми ги потенцираат културата на поздрав со бакнување, солидниот процент на пушачи со тоа и по ранливи бели дробови, втора држава по бројот на стари луѓе и секако не толку добрите хигиенски навики што ги имаат како народ.
 
Другиве роднини у Италија сега зборев со нив во Удине живеат 40 години викаат се е затворено,само аптеки и продавници работат.Од последните 2 лица што умреле како последица од вирусов биле старици,едната 103 години другата 93.Еднаш у два дена одел тетин ми набрзина до продавница и толку.Истото не чека и нас ми се чини нареднава недела
 
А ракавици гумени само еден има ( тој да не е негативниот) ???
zariste1-696x464.jpg
Која проста раја живее во државата ,посебно во помалите места и некој приградски населби во помалите градови,тоа е чудо едно. За да изградат кабадаји со селски фори по нема да измислат , па тоа до некој муабети и бабини деветини лекови,ништо чудно да ја заебеме и Италија.Уште не се сваќа сериозно , но за неколку дена кога ќе одиме преку 100 заболени тогаш ќе се свестат.
Инаку наредно под хитно треба да се затворат фитнес центрите,кладилници,казина, па и на крај и кафичи и ресторани ќе бидат.

Инаку од овај вирус само некој лек (дали апчиња или некоја вакцина) ќе биди спасот.
Што помалку имаме инфицирани дури се најди лекот тоа ќе биди подобро.Тоа дека не се шири на потопло уште не вервам (денес само во Катар има 200 новозаболени)
Инаку се појќе вервам дека е вештачки направен , а за кој таргет уште неможам да поврзам. т.е. Дали Кина само го напрај за да го рашири низ светот, или некој му го наместил на Кина, па неконтролирано се рашири низ светот или е таргет постара популација (ова ми е најверојатно) ќе претпоставуваме .
А лек мора негде да има (тој шо го направил вирусот) а кога ќе се пушти во проток зависи ,кога ќе си исполни целта.
Не ми изгледа дека е најбитна цел само продажбата на лекови(покрај мулти-милионскиот профит што ќе се напрај),него лек ќе се пушти кога ќе се достигни целта на вирусот.
 
Него ме чуди Меркел, 60% од Германија се 48 милиони х 6.6% = 3.168.000.
Мн охрабрувачко соопштение даде.

Како пресмета, секоја чест. :D
Инаку 60-70% од Германија се околу 50М жители, толку прогмозира Меркел дека ќе се разболат. Дали мисли за во наредните не знам 10 години или ги плаши луѓето за да не се зезаат со вирусов кој ќе му знае.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom