Здраво Кајги, здраво екипо !
Дали ви се случува после многу години да мислите на бивши партнери ?
Јас сум во брак повеќе од 7 години и во последно време мислам често на далечното минато.
Проблемот е во тоа што пред 8 години заминав да живеам со сопругот во странство. Го напуштив комплетно мојот стар живот за нови авантури но еве после неколку години почнувам да бидам носталгична. Ми негодстига личноста што бев на тоа време, слободна, луда и полна со авантури. Скоро секој ден се прашувам дали донесов добра одлука, дали е ова животот што го сакав ? Мислам дека сето тоа ме турка да мислам на моите бивши партнери. Што би било од мојот живот ако останев со некој од нив ? Ми се случува да ми дојдат на сон така случајно, друг пат да видам некоја слика/објава на интернет, некоја песна што сум ја слушала на времето, или пак некои стари разговори што оставиле трага и што не се забораваат... Па после барам и пребарувам информации од нивниот живот, што станале тие после сите овие години, дали се смениле, дали имаат партнер итн...
Тука во Франција тоа го викаат “Le mal du pays" - Носталгија за родната земја. Проблемот е во тоа што мојата родна земја, таква каква што ја знам веќе не постои. Јас сум само како еден обичен турист кога ке се вратам. Веке ништо не е исто

How to forgive ?
Убав ден на сите