... те читам и ќе ти кажам мое мислење,
твојот љубовен живот споредбено е ИСТ како моментот кога свесно си ја купил на старо опел астра со дефект и до ден денес мака имаш иако тој што ти ја продал ти дал до знаење и секој ден нешто менуваш, па пак се расипува... така тоа ти е ИСТО и во твојот љубовен живот, но тука не можеш да делуваш така со купување на нов дел, опел астра ќе ја поправаш ама девојката не можеш,таа не се менува !
..твоите проблеми не се од сега, истите си ги имал цело време додека си со неа и најинтересно е дека твоите совети што ги даваш на другите за исти или слични ситуации, наместо да ги применуваш за себе ги советуваш другите!
...вели ќе си заминам ќе те оставам земи си албанка и слично
...ова се зборови што за мене би го рекол „покондурен сељак“ особа која прави разлика дали некоја особа е од село или град, па така различно се однесува, а истата не е достојна за почит!
па ме тераше 200 км да возам по неа во сред ноќ за да сум ја зел? Нејсе тој истиот што ја избрка од дома годинава го носеше на одмор со нас. Јас не пререков ниту еднаш молчев и трпев.
...истиот ТИ си давал совети дека 75 км не се ништо наспротив 200км што ти си ги извозил за да „и кажеш во лице“ на девојката то и то директно! а за тебе не важи нели? ти трпиш и молчиш, а знаеш што треба да направиш ама кон другите давајќи совет!
...идењето на одмор со родител е само и само ако имате мало бебче (тука нели ништо не е спомнато) за да истиот го чува бебето за да вие бидете слободни,
...може да се земе родителот со себе на одмор, ако истиот не може да се остави дома или е болен или е стар што не е ваш случај,
... и на крај родителот оди на одмор така со вас без пардон, како во вашиот случај само за да ти ги искористи твоите финансии, значи таткото кој ја избркал има порок или е коцкар или е пијаница или не и’ е вистински татко! немој да ми кажеш дека сте спиеле и во иста соба!
...тоа што треба ТАА да го каже на своите родители (мајка и’не ја спомнуваш), таа погрешно ја насочува злобата од малтретирањето на своите родители, кон твоите родители, што ТИ не смееш да го дозволиш затоа што мајка и татко се единствени, а жени може да имаш колку сакаш, единствено поинаку ќе размислиш САМО ако девојката ти е жена и мајка на твое дете што сега тоа не е случај, ваквите испади на твојата девојка можат и те како да бидат лоши за здравствената ситуација на твоите родители како и заедничката слога во вашето семејство што девојката не може да го задржи сопственото семејство дома, па ќе го руши и твоето со твоите родители!
зошто?
...кажи ми која девојка ќе го натера дечкото да живее под кирија, при куќа од два спрата со живи родители (не спомнуваш брат, сестра) а вие на спрат сами? и тој предлог од нејзина уста без никаков финансиски придонес од нејзина страна, без никакво размислување, ама нели во град само да биде ?
...таа те мрзи затоа што си од село, таа тебе не те сака, само наоѓа спас од проблемите од нејзините родители (или родител).... затоа што ако те сакала тебе, не ќе се однесувала така неоправдано кон твоите родители, а ти да бидеш поради тоа секојдневно тажен и несреќен, не си ни прв ни последен, ниту единствен па да размислуваш дека ТЕБЕ нешто ти фали, дека си баксуз...или слично!
... денес нема вистински пријатели, ниту вистински девојки, а да се грижиш дека ќе си останеш така неоженет, твоите 30 години се токму да уживаш во нив, а не да имаш ваков притисок и конфликти неоправдано, зарем за овие колку сте заедно 8 години? не си сфатил дека те злоупотребува и дека не те сака? или не сакаш да си го признаеш тоа, па затоа трпиш и ќутиш, ама тоа се одразува сега на твоите родители што не смееш да го дозволиш... за да не дојде ден да останеш сам и без нив, тие за тебе како син „ќе изгорат“ да знаеш!
... така да мој совет е да мора да ставиш точка, таа не е за тебе или ако сакаш ТИ не си за неа, немој да мижиш овие се големи проблеми, но сепак мали спрема тоа кога ќе дојде принова тогаш ќе трпи и детето сите овие несогласици и ќе се одрази многу во неговиот развој, ТИ сево ова го знаеш, но не сакаш да си го признаеш дека си во право дека мора да ја пуштиш да си оди дома и никогаш да не се врати...ќе најдеш друга!
