Коронавирус (COVID-19)

Член од
12 март 2009
Мислења
20.199
Поени од реакции
16.338
... како прво треба да биде разрешена од директорското место ..
...ај што нема доволно медицински персонал ... сега и тој што толку редуциран ќе биде во карантин... се прашувам кој ќе ги лечи пациентите? :semolam:
рекоа да се одложат сите работи што не се итни... башка кој би идел на пример на некоја операција во време на опасност на зараза која може да биде фатална за опериран пациент...
А и на ПРЕГЛЕД не е за идење во време на Епидемија..
Всушност се уште НЕ Е прогласена Епидемија ???... па не е, школи работат, свадби се одржуват, па и партиски собири и конгреси...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Receiving influenza vaccination may increase the risk of other respiratory viruses, a phenomenon known as virus interference
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Не ни оди у прилог што државниот апарат никогаш не бил во ваков хаос како што е сега, со техничка влада која наследи нефункционална влада на која гафови и глупости и се дешаваа на дневна основа, во момент кога коалиционите партнери веќе делуваат како опоненти, со два-тројца опозициски министри и заменици, на месец дена пред вондредни избори, нема поплодна почва за масовна епидемија, каде што особено ќе биде погоден скопскиот и полошкиот регион со таа концентрација на луѓе и движење, слично како Ломбардија и Венето што се во Италија.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
16.555
Поени од реакции
18.804
1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст,
2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,
3. Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подотвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,
4. Надлежните институции, Центар за управување со кризи, Државен здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување. За справување со корона вирусот неопходен е мултидисциплинарен пристап, национална свесност и интегритет.
Жими очи кога прочитав ВМРО и постот твој прво шо ме удри во глава е дека потточките се некоја предизборна кампања на ВМРО, си викам види ги бе неарни :ROFLMAO:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Жими очи кога прочитав ВМРО и постот твој прво шо ме удри во глава е дека потточките се некоја предизборна кампања на ВМРО, си викам види ги бе неарни :ROFLMAO:
Нема везе, тоа е, но сепак ок предлози се.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.722
Поени од реакции
21.270
Италија прогласила црвена фаза, се затвараат, нема ни фудбал да има .. цела држава во карантин.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.531
Поени од реакции
22.187
Докторкава следниот пат (ако преживее како докторка) повеќе нека се грижи за луѓето (пациенти и колеги) место да си ја тера политичката кариера. Вака ни едни ни други и ќе земе луѓе на душа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.782
Поени од реакции
12.251
Ако е за утеха, британците не се загрижени. Манчестер vs Манчестер викендов, стадионот беше полн до горе.

Предлозите погоре-малце се чудни со оглед на тоа што не се знае каков ќе биде интензитетот и динамиката на ширење на заразата.
Првата точка е невозможна заради непознатиот временски период на ширење. Посебно што нема каде да одат децата во градинка и оние чии родители се на работа.
Втората, ако занемариме фактот дека голем број од летовите се врзани летови и веќе насекаде се појавуваат заболени, тоа "доаѓање од кризни зони" е под знак прашалник. Третата некако нејасна, за секого потребната интервенција најчесто му е итна. Четвртата округло на ќоше.
Ама добро, барем пробале.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
И Мадрид спаѓа во загрозени подрачја?
Автоматски споено мислење:

Ако е за утеха, британците не се загрижени. Манчестер vs Манчестер викендов, стадионот беше полн до горе. Кај нас стадионот Ѓорче, фул празен, заради дождот :)

Предлозите погоре-малце се чудни со оглед на тоа што не се знае каков ќе биде интензитетот и динамиката на ширење на заразата.
Првата точка е невозможна заради непознатиот временски период на ширење. Посебно што нема каде да одат децата во градинка и оние чии родители се на работа.
Втората, ако занемариме фактот дека голем број од летовите се врзани летови и веќе насекаде се појавуваат заболени, тоа "доаѓање од кризни зони" е под знака прашалник. Третата некако нејасна, за секого потребната интервенција најчесто му е итна. Четвртата округло на ќоше.
Ама добро, барем пробале.
Предлозите се општи, но држат вода. Особено некои.
Албанија со два случаи ја прекина наставата.
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.582
Поени од реакции
13.952
Кај нас се забранува присуство на спортски натпревари на кои секако нема повеќе од 200 луѓе, ама затоа сега кога ќе почнат митинзите ќе влечкаат илјадници овци со автобуси. Луда банана држава.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.821
Поени од реакции
17.414
Eве го дебилов што викаше дека жените може комотно да одат во Италија за осми Март и што викаше дека корона вирус е заебанција. Кога народ ке помисли кој се го лечи, добро е и што сме живи и здрави. debil.jpg
Автоматски споено мислење:

Кај нас се забранува присуство на спортски натпревари на кои секако нема повеќе од 200 луѓе, ама затоа сега кога ќе почнат митинзите ќе влечкаат илјадници овци со автобуси. Луда банана држава.
Нц, може и да ги померат изборите.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.436
Поени од реакции
9.110
Toa e koga se nema iskustvo so pienje alkohol, ovie vo Iran poveke ke izumrat od predoziranje nego od virusov.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom