- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.422
- Поени од реакции
- 18.359
„Твоја“ партија ги собраа потребните потписи и ќе настапат на избори.
Адвокатот Александар Торевски на денешната средба на „Твоја“ партија, во која е како претседавач на управен одбор, порача дека партијата ќе оди самостојно на предвремените парламентарни избори.
„Твоја“ партија веќе се регистрираше и ќе настапиме на изборите во април. Поминавме макотрпен пат и нема да ги разочараме граѓаните. Не сме задоволни од општествената реалност во државава. Мене ми е мило што граѓаните покажаа желба дека сакаат да не видат на политичката сцена. Одиме сами на овие избори. Немаме месни комитети и штабови. Општеството оди во погрешна насока и да не звучи претенциозно дека јас ќе сум спасителот на Македонија, но потребна е промена“, порача Тортевски.
Професорката Мирјана Најчевска акцентот го стави на животната средина и образованието во Македонија, кои според неа се во вистински проблеми.
„Одговорноста е на сите политичари. Животната средина во Македоија е мртва. Факт е дека треба да се издвојат многу средства и потребно е време за да се доведе тоа во некој ред. Од друга страна, образованието не смее да се третира како трошок. Наместо партизација, апелираме на професионализација во сите сектори во државата. Ние сме интернет партија и ќе ги користиме сите можни начини преку социјалните мрежи за да допреме до граѓаните“, истакна Најчевска.
Како што истакнаа од партијата, Тортевски ќе има двегодишен мандат како претседавач, без право на повторен избор.