Македонска берза

Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Малку околу АЛК, ако смеам, пошто излегоа ревидираните, а сепак е една од топ 5 акции на МСЕ.

Има добри и не толку добри моменти. Добри се зголемените приходи и нето добивка, како и зголемената ЕБИТДА. Не толку добри се зголемениот обртен капитал, што го намалува оперативниот паричен тек, поради што фирмата ја зголемила задолженоста, а паричните средства се намалени. Тоа што бајаги јаде од паричниот тек се инвестициите во основни средства, од астрономски 870М денс.

Се надевам дека тие инвестиции се легитимни, инаку на ЕБИТДА од преку 1800М денс да се има негативен паричен тек (по исплатената дивиденда додуше), никако не е добро.

Ако гледаме валуации, ЕВ/ЕБИТДА од 10,3 е доста високо за локалниот пазар. Све зависи, всушност, од проценките за раст. Ако претпоставиме раст од 8+%, сегашната цена е ОК. Со раст од некои 5%, што не е малку, реално би требало да е околу 11К.

Моја препорака: Холд накај Сел

ПС. Ми паѓаат во очи и приливите од субвенции. Државата земала 170М денс данок, а му вратила на АЛК 86М субвенции. Колку е оправдано да се субвенционира фирма со таква финансиска кондиција, е друг муабет.
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Премисата дека во државата одеднаш ќе потече мед и млеко доколку влеземе во НАТО или добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ е толку ретардирана што скоро и да не вреди да се коментира. Според медиумските спинови, мислам дека досега едно 20 пати имаме влезено во НАТО, а дури и да започнеме преговори со ЕУ, нема сигурно да влеземе уште барем 10 години поради дисфункционалноста на државата и неспособноста и немањето волја кај власта да ги изврши потребните реформи.

Што се однесува до инвестициите, барем 100 странски фабрики се отворија за време на Грујо, а нема ни 5 новоотворени во време на Заев. Изгледа дека тогаш не пречеле ни името, ни историјата, ни спомениците, ни фамилијата, ни режимот, ни диктатурата, а еве сега откако дојдоа животот и слободата не сака ниеден странец да дојде да инвестира. Дури и ланските рекордни инвестиции се половина направени од Џонсон Мети и Ван Хол, а другата половина се воглавно задржани добивки и зголемување на производство кај другите инвеститори што дошле во време на Грујо, т.е. пак се 95% негова заслуга. Всушност, ќе беше интересно тој да дошол на власт во период на економски раст, а Заев во време на економската криза, па тогаш да видиме кого колку го бива. Под Грујо бевме неколку проценти подобри од опкружувањето, а под Заев сме у најдобар случај исти или полоши.

Исто така, државните капитални инвестиции се извршуваат во смешен процент а буџетите се ребалансираат, такашто данокот што требало да се претвори во државно капитално добро не е ни соберен туку останал кај неплаќачите на ДДВ коишто се толерираат, а сите добро знаеме во кој дел од државата живеат тие. Само преку тоа затајување на ДДВ за овие 4 години од џебовите на Македонците се прелеале околу милијарда евра во џебовите на Албанците! Ич да не почињам за облиците во кои тие ги користат државните права, а не ги плаќаат државните обврски пошто ќе треба да напишам магистерска теза. Тие 16-17% Албанци што реално живеат во државава имаат привилегии како да ги има над 50%!

Шпекулативниот бран на берзата што се темпираше за НАТО и ЕУ налета на ѕид наречен коронавирус. Најголемата количина кеш на пазарот ја внесоа компании како Макпетрол со откупи, градежниците (а посебно Чифлиганец) со купување на Комерцијална и индексните фондови. Тие пари потоа продавачите ги искористија да влезат во други позиции и тоа ги поткрена повеќето цени. Оваа журка ќе трае се' додека имаат кеш за бранење или можат да земаат кредити (домашните тајкуни тоа всушност и станале со помош на менаџерските кредити од Комерцијална банка) и додека можат да ги смируваат вложувачите да не ги повлекуваат влоговите пошо така инстантно ќе се сруши кулата од карти што ја изградиле сакајќи да лапаат што поголеми управувачки провизии кога цената на инвестициската единица е повисока. Меѓутоа, све тоа е getting high on your own supply, т.е. дување на балонот со сопствени пари само заради хранење на сопствената суета и сметање на себеси како богат, иако тие акции не може реално да се продадат на ниеден поголем глупак по тие цени. Пандан на ова би било јас преку купување нереално да го надувам Пекабеско до 2-3 пати од сегашната цена. Ќе мислам дека сум многу паметен и богат, ама уствари ќе сум многу глуп затоа што во прва прилика кулата ќе ми се сруши!

Затоа продавајте на овие фантастични излези додека македонската глупост ви дава шанса. Не може овој аутизам од екстерните случувања да трае предолго. Веќе се откажуваат настани, нарачки, се одложуваат купувања, инвестиции и планови поради коронавирусот. Од него ќе има многу реални импликации врз економијата! Единствена пречка за купување е што овој пад од 20% дојде врз огромен раст од 50% во задните 2-3 години па цените се и натаму превисоки. Тоа не значи дека не може да се проберат дијаманти коишто не биле опфатени во индексите па следствено и цената не им пораснала како резултат на купувачкото лудило.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
80
Поени од реакции
34
Странскиве берзи масакар... Ќе видиме после колку NYSE ќе падне ама оваа недела-две ќе биде вака изгледа особена ако се развие приказна околу вирусот во УСА. После ова ќе имаме убава зелена корекција ... а очекувам да има корекција и на МСЕ. Јако забавни 2 недели, па секој со своја математика и стратегија. За кого потоп за кого можност...
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.085
Поени од реакции
11.481
Ај да се пробам со јабм у најава, денес МСЕ -4.5%
 
Член од
15 октомври 2019
Мислења
59
Поени од реакции
94
nekako se mi izgleda kako nekoja dobra geo namestaljka. Site mediumi Koronava ja updejtuvaat na 5 minuti, se see nekoj strav, nekoi crni scenarija. Virusi, bolesti imalo i ke ima, zivotot tece ponatamu. Ke se vidi vistinskata pricina za nekoj mesec koga se ova ke zavrsi. Do togas samo ke prognozirame. Sepak nie sme po-sitna boranija i od sitnata.
 
  • Хаха
Reactions: MSE
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Убавината кога поседуваш ПКБ или КОМУ со годишен поврат од 33% односно 26%, е што во вакви моменти воопшто не размислуваш да ги шорташ како другите акции со поврат од 6% за да ги купиш повторно со поврат од 7% :pos:

П.С. Чифлиганец веројатно има вложено едно 20 миљони евра во КМБ. Не знам колку кеш имал на располагање, ама сигурно ќе може да добие и кредит да ја брани

П.П.С. Пратете како ќе се смени имотот на индексниот фонд утре кога ќе направат ревалуација:

Screen Shot 2020-03-09 at 10.16.24.png
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2019
Мислења
63
Поени од реакции
75
Kakov down ide kako da e kraj na svetot, koi se ovie so prodaznive nalozi na ovie ceni sho gi stavaat tolku bi sakal da sum im vo pametot da se obidam da gi sfatam ama ete... Posle ke kazat berzata gi zaebala izgubile pari itn. Epa ne e berzata samite vie ste si krivi. Samo cash treba sea i da moze posle na raat da setame koa ke pomine COVID19 ;);)
 
Член од
19 октомври 2012
Мислења
296
Поени од реакции
252
Пак непотребно фаќа паника. Се залетуваат лујѓето без врска
 
  • Хаха
Reactions: MSE
Член од
17 октомври 2017
Мислења
855
Поени од реакции
1.471
Премисата дека во државата одеднаш ќе потече мед и млеко доколку влеземе во НАТО или добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ е толку ретардирана што скоро и да не вреди да се коментира. Според медиумските спинови, мислам дека досега едно 20 пати имаме влезено во НАТО, а дури и да започнеме преговори со ЕУ, нема сигурно да влеземе уште барем 10 години поради дисфункционалноста на државата и неспособноста и немањето волја кај власта да ги изврши потребните реформи.

Што се однесува до инвестициите, барем 100 странски фабрики се отворија за време на Грујо, а нема ни 5 новоотворени во време на Заев. Изгледа дека тогаш не пречеле ни името, ни историјата, ни спомениците, ни фамилијата, ни режимот, ни диктатурата, а еве сега откако дојдоа животот и слободата не сака ниеден странец да дојде да инвестира. Дури и ланските рекордни инвестиции се половина направени од Џонсон Мети и Ван Хол, а другата половина се воглавно задржани добивки и зголемување на производство кај другите инвеститори што дошле во време на Грујо, т.е. пак се 95% негова заслуга. Всушност, ќе беше интересно тој да дошол на власт во период на економски раст, а Заев во време на економската криза, па тогаш да видиме кого колку го бива. Под Грујо бевме неколку проценти подобри од опкружувањето, а под Заев сме у најдобар случај исти или полоши.

Исто така, државните капитални инвестиции се извршуваат во смешен процент а буџетите се ребалансираат, такашто данокот што требало да се претвори во државно капитално добро не е ни соберен туку останал кај неплаќачите на ДДВ коишто се толерираат, а сите добро знаеме во кој дел од државата живеат тие. Само преку тоа затајување на ДДВ за овие 4 години од џебовите на Македонците се прелеале околу милијарда евра во џебовите на Албанците! Ич да не почињам за облиците во кои тие ги користат државните права, а не ги плаќаат државните обврски пошто ќе треба да напишам магистерска теза. Тие 16-17% Албанци што реално живеат во државава имаат привилегии како да ги има над 50%!

Шпекулативниот бран на берзата што се темпираше за НАТО и ЕУ налета на ѕид наречен коронавирус. Најголемата количина кеш на пазарот ја внесоа компании како Макпетрол со откупи, градежниците (а посебно Чифлиганец) со купување на Комерцијална и индексните фондови. Тие пари потоа продавачите ги искористија да влезат во други позиции и тоа ги поткрена повеќето цени. Оваа журка ќе трае се' додека имаат кеш за бранење или можат да земаат кредити (домашните тајкуни тоа всушност и станале со помош на менаџерските кредити од Комерцијална банка) и додека можат да ги смируваат вложувачите да не ги повлекуваат влоговите пошо така инстантно ќе се сруши кулата од карти што ја изградиле сакајќи да лапаат што поголеми управувачки провизии кога цената на инвестициската единица е повисока. Меѓутоа, све тоа е getting high on your own supply, т.е. дување на балонот со сопствени пари само заради хранење на сопствената суета и сметање на себеси како богат, иако тие акции не може реално да се продадат на ниеден поголем глупак по тие цени. Пандан на ова би било јас преку купување нереално да го надувам Пекабеско до 2-3 пати од сегашната цена. Ќе мислам дека сум многу паметен и богат, ама уствари ќе сум многу глуп затоа што во прва прилика кулата ќе ми се сруши!

Затоа продавајте на овие фантастични излези додека македонската глупост ви дава шанса. Не може овој аутизам од екстерните случувања да трае предолго. Веќе се откажуваат настани, нарачки, се одложуваат купувања, инвестиции и планови поради коронавирусот. Од него ќе има многу реални импликации врз економијата! Единствена пречка за купување е што овој пад од 20% дојде врз огромен раст од 50% во задните 2-3 години па цените се и натаму превисоки. Тоа не значи дека не може да се проберат дијаманти коишто не биле опфатени во индексите па следствено и цената не им пораснала како резултат на купувачкото лудило.
Најголем фол е што брдото кеш со кое ја спасуваа КМБ, и Адора и Гранит го направија баш во времето на “режимот”. А по наративот ќе си помислиш од затвор не искочиле 10 години.

И така да кога ден денес ќе ми зборат за режимот на Грујо, јас викам дај не ми ја вреѓајте интелигенцијата :cautious:
 
Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
920
кај се сега оние - еве го гледам гранит на 1.500, КМБ лесно до 10.00...???

ајде да ги имитирам, ама во обртна насока...

Гранит го гледам на 550, КМБ на 3.500, НЛБ на 13.000 СТБ на 920, АЛК на 8.300
 
Член од
2 септември 2014
Мислења
187
Поени од реакции
195
кај се сега оние - еве го гледам гранит на 1.500, КМБ лесно до 10.00...???

ајде да ги имитирам, ама во обртна насока...

Гранит го гледам на 550, КМБ на 3.500, НЛБ на 13.000 СТБ на 920, АЛК на 8.300
По глупо мислење немам прочитано, без детално објаснување на кој индикатори го темелиш овој став, сметам дека сакаш да навлечиш некој за да си докупиш па подоцна да ја величиш како си излегол најпаметен овде...
 
Член од
30 март 2018
Мислења
1.457
Поени од реакции
1.883
Сите ставови, мислења, анализи и проекции за раст се темелат на паушална желба кому колку му требаат пари :pos:

Знам едни луѓе што калкулирано земаа кредит и купија Уанкоин за точно 30.000 евра планирајќи си дека ќе порасне до рамно милион евра пошо сметаа дека точно толку им треба за лагодно да си го истераат животот.

П.С. Зошо бе нема П/е за ова Рено?? Не е ваљда да почнале да работат со загуба?

Screen Shot 2020-03-09 at 11.57.46.png
 
  • Вау
Reactions: MSE

Kajgana Shop

На врв Bottom