Ситуацијата е се посериозна и епидемијава веќе станува глобален проблем. Очигледно е дека стратегијата за containment на вирусот веќе нема никаков ефект, ни има смисла да се продолжува, со оглед на фактот што епидемијата полека се шири по цела Европа, Југоисточна Азија и останатиот дел од светот, вклучително и САД. Плус, што не знаеме точно колкав е бројот на недетектирани случаи на заразени со вирусот и поради тоа нема прецизни информации за тоа колку е проширен. Ова е случај дури и во најразвиените држави, ради природата на самиот вирус.
Проблем е што многу малку се знае за новиов вид на корона вирус и што има многу дезинформации и полуинформации што се шират по интернет, па тешко е човек вистински да се информира за него. Она што го знаеме е дека, е поагресивен од сезонскиот грип и дека има неколку пати поголема стапка на смртност од грипот, која варира од држава до држава во зависност од квалитетот на здраствениот систем.
Друг проблем е што епидемијата досега, со исклучок на Иран, се шири во земји со развиени, робустни системи на здраствена заштита, кои располагаат со многу ресурси, па може да добиваме искривена слика за опасноста од вирусот. Не знаеме што би се случило ако вирусот масовно се прошири во неразвиените земји и земјите во развој, кои имаат неквалитетни здраствени системи, а такви се 2/3 од државите на планетата.
И ако некој не го загрижува медицинскиот аспект од епидемијата/пандемијата, би требало да го загрижува економскиот. Глобалниот економски систем е под притисок, под каков што не бил од кризата во 2008 година. Лошо е што епидемијата е најпроширена во економски најразвиените делови од зафатените држави, што е логично зошто овие региони имаат најголем проток на луѓе. Дури и во САД најголем број на заболени има на двата брега. Ако епидемијата трае и следните месеци и продолжи агресивно да се шири, може да предизвика многу негативни последици, до степен да светот дојде блиску до глобална рецесија. Цените на енергенсите имаат голем пад и се на ниво како пред кризата од 2008, пазарите на останатите commodities, особено primary commodities, се во хаос, а глобалните ланци на набавка се целосно изместени и се во прекин. Најзначајните берзански индекси по светот, имаа огромни корекции минатата недела. Економиите на скоро сите развиени земји и земји во развој, зависат од глобалниот пазар, не сме веќе во 1900-та. Ако продолжат и останатите држави да воведуваат карантин мерки како Италија и Кина, најмногу ќе бидат погодени големите потрошувачки пазари и економиите кои се базираат на сектор услуги, а тоа се сите развиени земји. Дури и ако ширењето на корона запре во следните месеци или самиот вирус спонатано исчезне ради некои екстерни фактори, реалната економија брзо ќе се опорави, ама последиците врз глобалниот финансиски систем може да искочат на виделина дури за година или две.
Ја се надевам дека вирусов ќе биде само уште еден fad, на кој ќе заборавиме за неколку месеци, кога ќе стопли. Ако не, ова ќе прерасне во сериозен ризик фактор.