Секоја жена реагира различно кога е во прашање изневерувањето.
Овен
Никаде нема да оди. Нема да има сили да превземе ништо како одговор. Ќе го прифати "машки", можно е дури и да не обрне внимание – всепак партнерот и носи доволно пари дома- ќе стигнат за сите. Но, исто како хамстер, од тука натаму ќе започне да купува кожни палта, накит и акции.
Бик
Ќе прости, но ќе запомни. Развод нема да ти даде никогаш. Но ова не е повод да си помислиш дека се поминало. Како одговор ќе ти стави такви рогови, за кои не си ни помислувал. Во оваа цел активно учество ќе земат и твоите пријатели, колеги и началникот.
Близнаци
Зависи од расположението. Може да тргне по трупови (началник, родители, пријатели), за да ја носиш својата казна. Но може и да те зачуди со идејата дека и таа има љубовник, и дека нема ништо против, дури може да направите тројка (бидејќи, гледаш, и ти не ја задоволуваш нешто посебно ).
Рак
Експлозијата од гнев може да избувне ненадејно. Но, наскоро таа ќе дојде до заклучокот дека ти не си човекот кој и е потребен. Таа не трпи изневерувања, припреми се за развод.
Лав
Таа као резерва има премногу кавалери, така што нема многу да страда-оди си бидејќи и ти ми си здосаден. Скоро сите славни модели се родени под овој знак. Дали си сигурен дека пронајде жена подобра од твојата?
Девица
Внимај горчивите реки од солзи да не потчет кон соседите. Ден и ноќ ќе плаче. Од солзте дури и тебе ќе ти се приплаче.
Вага
За неа секогаш може да се реши важен проблем: да го сака овој или другиот, или двајцата во исто време. Таа секогаш има резервна варијанта. Оваа жена едноставно не може да живее сама. Ако размислиш и се вратиш кај неа, знај дека семејството ќе ти биде зафатено.
Шкорпија
Многу е љубоморна, а со тоа и гази се пред себеси. Но, нема да се обидува да те задржи, веќе си мината етапа. Веќе не постоиш за неа. Но, и покрај се ќе ти се одмазди, и тоа капитално. Или ќе останеш гол како пушка, или веќе нема смисла да бараш друштво од жени.
Стрелец
Ќе си дозволи понижувачки реплики, што често води до разделување. Ако тоа се случи, долго време ќе остане сама.
Јарец
Способна е да те шутне само при помислата, дека си имал возможност за погледнување на страна. Ќе си тргне од секоја забава, само ако забележи дека погледнуваш друга. Ќе ти залепи шамар пред сите, без да се срами. Никогаш нема да те сожалува. Ако те остави пред вратата со куферите, а ти се обидеш да влезеш преку прозорецот, тој ќе биде закован. Освен тоа способна е да се одмаздува, и ќе смисли многу варијанти за да ти напакости.
Водолија
Ќе смисли крвна одмазда.. Ќе плете интриги, ќе донесува планови и стратегии. Ќе подаде молба за развод, кога целиот имот, сите акции се на нејзино име.
Риби
Ќе си отиде, ќе ти посака среќа со другата. Нема да се бори за љубовта. Нема ни да заплаче. Таа е машко девојче.