#157 - Тема: Waterfront

  • Креатор на темата Креатор на темата Спојлер
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.905
Поени од реакции
10.485
Претходниот натпревар донесе доста добри фотки, така да гледајте да не ме разочарате оваа недела :D Се мислев помеѓу неколку теми: Nudes/Селфи/Автопортрет беше ептен спомнувана тема последните денови, ама решив дека нема да е фер да победам 2 пати по ред :P За пролет малку рано ми стои, наредниот натпревар за таа тема би била супер тајминг.

Нема потреба од страв од насловот на темава, ептен едноставна и лесно достапна тема е оваа, а фотките како резултат можат да бидат со јака естетика. Ќе се обидам да ја објаснам со зборови и со примери. Под Waterfront подразбирам фотографии кајшто во преден план е водена површина (море, океан, река, езеро - ваш избор) а предметот на фотографијата е во позадина. Оптимално би било да не бидете на многу високо или во птичја перспектива туку на скоро исто ниво со водата. Доколку ептен немате ваква фотка или локација во близина, може на било кој мост со добар кроп да се постигне скоро истиот ефект.

Неколку мои лични примери (Напомена: авторот го задржува правото да ги пријави овие фотографии во некој нареден натпревар...сепак се само за пример :P):

DSC_0632_01_resized.jpg

20180924_182558_resized.jpg


photostudio_1568050210116_resized.jpg

Како мој адут неделава одбрав фотографија којашто технички е послаба од некои други што ги имам, ама лично ми е доста важна фотографија кликната една летна ноќ после полноќ во Рига, Латвија. Се надевам на добри фотографии и нека победи најдобриот!

photostudio_1563952220091_1.jpg
 
WRgZOQf.jpg


Малта
 
Абе, лепо би било ко Анон да напишете и локација.
Дени е Лондон, Стев - Ница, Трендс - Солун а Златкивечиус ваљда Берово (ова го лупнав, појма неам како изгледа Берово)
 
ice_screenshot_20200307-183903.png

...ако може да бидат унифицирани насловите на подтемава која е наменета за фото натпревар, а не е обична подтема!
 
Златкивечиус ваљда Берово (ова го лупнав, појма неам како изгледа Берово)
Блиску си. Кочани, браната Градче. Имав и слики од Охрид, Барселона и Љорет де Мар, поубави од оваа, ама за жал мислам дека не ги исполнуваа сосема барањата на предложувачот, зашто на ни една не беше водата во преден план. Значи не е темата само Waterfront, туку Waterfront со перспектива од водата. :P
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom