Правна помош и совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Сакаш да кажеш на пример се поклонува една куќа во Охрид и стан на пример во Скопје, и за тие можеш да ги ставиш на еден договор за дар кај адвокат, и после на нотар во Охрид или Скопје?
Да, тоа сакам да кажам. :) Или пак, ако сакаш да не ти се комплицираат работите, направи си два посебни Договори, на пр. еден за куќата во Охрид и завери го кај Нотар во Охрид и еден за станот во Скопје и завери го кај Нотар во Скопје. Сепак, законот дозволува и со 1 договор. :)
 
Напротив точно си кажав, само со поедноставни зборови - народски кажано, а со твојот коментар го потврдуваш моето. :)
Кратко и јасно (и ќе се повторам) надлежен нотар е на чие судско подрачје лежи недвижноста.
Ако повеќе недвижности лежат на различни судски подрачја тогаш не може да бидат опфатени со ист договор.
 
Напротив, ПОВТОРНО грешка си кажуваш. Ама ОК, се' е во ред. Сега е ред на FG-42, тој/таа нека мисле како ќе постапува понатаму. :)
 
Zdravo edno prasanje za Firma ko ja nema nikakvi ama bukvalno nikakvi aktivnosti a ne e podnesena zavrsna smetka stigma kazna, e sea prasanjeto e dali pravno moze da se izbori nesto za da ne de platinkazna posto de e na nula pozzz
Od dosegasno iskustvo ne, bidejkji i da nema promet firmata i nikakva aktivnost, potrebno e da se podnese izvestuvanje do centralen registar i da se plati taksa. Sega mislam deka samo so revizorski izvestaj mozes da ja sredis rabotata, baska so moras da platis kazna. Pozdrav.

Sent from my SM-N960F using Tapatalk
 
Напротив, ПОВТОРНО грешка си кажуваш. Ама ОК, се' е во ред. Сега е ред на FG-42, тој/таа нека мисле како ќе постапува понатаму. :)

Погледни го став 7 од членот 26 од Законот за нотаријат, и особено обрни внимание на зборот ,,исклучиво", не велам дека твоето толкување е погрешно напротив правилно е, но при толкување на одредена одредба (верувам и самиот знаеш) се гледаат сите одредби како и одредбите од законите кои се поврзани во случајов ЗПП, значи да не одолговлекува, ако на еден имотен лист има повеќе КП кои се наоѓаат на повеќе судски подрачја тогаш може да бидат опфатени во еден договор и да се заверат од било кој нотар од тие судски подрачја (се применува став 8 од цитираниот член), доколку имаме ИЛ со КП која се наоѓа во Скопје, и ИЛ со КП која се наоѓа во Струмица, тогаш не може да ги ставиме во ист договор затоа што тоа е спротивно на став 7 од погоре цитираната одредба, затоа ќе треба два договора, и сепак зависи од конкретниот случај подобро е заради заштита да се има одделни договори отколку во еден договор се'... Сепак живееме во Македонија и сите знаеме овде се' е можно... :)
 
[Ако не е тука местото за прашањево, ќе отворам тема во екомонија/бизнис]

Дали постои посебен услов при отварање за фирма која основна дејност ќе и биде организирање на наградни игри/лотарија? Не класика лотарија, туку во стил на наградна игра со учество.

Ми посочија дека за ова имало други услови т.е други даноци. Што би значело тоа?
 
За заверка на Уверение од Универзитет кај нотар, дали може друга личност да го завери истото или пак мора сопственикот на Уверението лично (со своја лична карта) да го завери кај нотар?
 
Мораш на тоа лице да му издадиш Полномошно за да може да го завери Уверението кај Нотар, ама и тоа Полномошно МОРА пак да биде заверено кај Нотар, се мисли на заверка на потписите. :) Тоа ти е дупла работа, и освен ако не планираш да патуваш некаде, во време кога треба да се завере Уверението, најдобро е сам со л.к. да отидиш да си го завериш.
 
Личноста отишла денес кај нотар и успеала да го завери Уверението со неговата лична карта. Не му направиле никаков прболем. Важи ли заверката сега или? Да немам проблем отпосле, откако ке го дадам завереното Уверение?
 
Важи. По закон е како што ти пиша Џокси. Ама кога се заверува Уверение или Диплома, од мое искуство, дел од нотарите се „пофлексибилни" и бркаат работа, да може друг да ги завери во име на друг.
 
Личноста отишла денес кај нотар и успеала да го завери Уверението со неговата лична карта. Не му направиле никаков прболем. Важи ли заверката сега или? Да немам проблем отпосле, откако ке го дадам завереното Уверение?
треба да се провери дали на штембилот е поцртано "верно на оригиналот" или "обичен препис". не би рекол дека нотарите се пофлексибилни туку ја користат опцијата со која они се покриени, а и странката е задовилна.
 
Пишува "Потврдувам дека ова е препис на изворната исправа..."
 
Личноста отишла денес кај нотар и успеала да го завери Уверението со неговата лична карта. Не му направиле никаков прболем. Важи ли заверката сега или? Да немам проблем отпосле, откако ке го дадам завереното Уверение?
Алал да ви е како наоѓате флексибилни Нотари. :D Овде во Кавадарци е строго по закон, за се' се бара заверка на заверка, на заверка, на заверка и така до недоглед. :D Штом е заверено, нема да имаш никаков проблем, терај си работа. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom