На финална се чека од 3 до 6 месеци па доколку Советот ти ја одобри молбата за државјанство ќе чекаш потпис за указ за којшто моментално се чека 11-12 месеци.Само ќе те замолам да споделиш тука на форумот како ќе поминеш на Советот тс дали ќе ти ја уважат молбата или отказ.Пошто постојано се менуваат некои работи и во ДАБЧ за произход и во Правосудие.Порано во ДАБЧ не одбиваа за произход со предок роден пред 1900 или после 1918 а сега тие што поднесуваат ги одбиваат.Сега останува да видиме дали и Советот во Правосудие гo има усвоено истиот принцип на работа како и ДАБЧ.
ПС до сите на форумов вклучително и
@palekrstic да споделат дали има некој случај,сега од скоро(месец-два)што бил на финална и му е одобрено од Советот со потврда од здружение издадена на основ на предок роден пред 1900 или после 1918?