Пасош

  • Креатор на темата Креатор на темата Rondza
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
3 март 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Возраст
60
Ве молам дали може некој прецизно да ми одговори на следното:Пасошот ми е со важност до 06.06.2020 год.Треба да патувам за Шведска на 08.03.2020 до 15.03.2020(имам аплицирано за нов пасош но со ситуацијава тешко дека ќе го добијам) На денот на влез во Шведска мојот пасош ќе има само два дена помаку од тие предвидени 90 дена а на враќање ќе има помалку 9 дена од предвидените 90 дена.Дали би имала проблем при излез од нашата држава и влез во Шведска.Благодарам.
 
Passport: Original Passport or Travel document with at least 6 months remaining validity on the date of travel and have at least 2 visa pages clear of any markings.

6 meseci so mkd pasos.

 
Ве молам дали може некој прецизно да ми одговори на следното:Пасошот ми е со важност до 06.06.2020 год.Треба да патувам за Шведска на 08.03.2020 до 15.03.2020(имам аплицирано за нов пасош но со ситуацијава тешко дека ќе го добијам) На денот на влез во Шведска мојот пасош ќе има само два дена помаку од тие предвидени 90 дена а на враќање ќе има помалку 9 дена од предвидените 90 дена.Дали би имала проблем при излез од нашата држава и влез во Шведска.Благодарам.
najmalku vaznosta na pasos za vlez vo Schengen zonite e 3 meseci, nekoi od zemjte vo Schengen baraat pasosot da ne bide pomalku od 6 meseci. Najdobra opcija e da kontaktiras so Svedskata ambasada vo Skopje na 02 329 7880.
 
Najmalce 6 meseci treba, taka da ne se maci bezveza da prasuvas.
 
ако сменам адреса на живеење, треба и нов пасош?

едно време имав различна адреса на ЛК и пасош, ама да не е нешто сменето од тогаш?
 
ако сменам адреса на живеење, треба и нов пасош?

едно време имав различна адреса на ЛК и пасош, ама да не е нешто сменето од тогаш?
Мораш да имаш иста адреса во сите документи, зашо ако те проверат ќе јадеш казна.
 
ако сменам адреса на живеење, треба и нов пасош?

едно време имав различна адреса на ЛК и пасош, ама да не е нешто сменето од тогаш?
Не треба да го менуваш пасошот.
Согласно член 26 став (1) и член 26-а став (1) од Законот за патните исправи на државјаните на РМ, само при промена на: име и презиме; ден, месец и година на раѓање; пол и ЕМБГ, во рок од 30 дена од денот на извршената промена, мораш да го предадиш пасошот во МВР да ти го поништат и да си извадиш нов пасош.
Бидејќи менуваш САМО адреса на живеење, нема потреба да вадиш нов пасош, туку ќе си ја напишиш новата адреса во барањето за новиот пасош, кога на сегашниот ќе му истече рокот.
Поздрав.
Адвокат Ѓорѓи павлов Кавадарци
 
Мораш да имаш иста адреса во сите документи, зашо ако те проверат ќе јадеш казна.
Неточно.
За издавање на нов пасош поради промена на адреса на живеење, веќе пишав.
Во врска пак со издавање на нова лична карта поради промена на адреса на живеење, има 2 различни ситуации:
1. Ако граѓанинот сам извршил промена на адресата на живеење, на пр. се преселил од еден сопствен стан во друг сопствен стан да живее или почнал да живее во стан под кирија, тогаш согласно член 8 од Законот за личната карта е должен во рок од 30 дена да поднесе барање за издавање на нов лична карта, независно од тоа дали сегашната лична карта е со ситечен рок на важност или не. Ако не поднесиш барање, казната е од 20 до 80 евра.
2. Ако пак адресата на живеење е променета согласно Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, односно промената на називот (преименувањето) на улицата е направена од Советот на Општината или Советот на градот Скопје, тогаш НЕ е потребно да вадиш нова лична карта, туку по истекот на сегашната лична карта, во новата лична карта, новата адреса на живеење ќе ти биде автоматски внесена во новата лична карта. Ова е согласно член 7 став (5) од истиот Закон. И во овој случај не сносиш никаква прекршочна одговорност.
Поздрав.
Адвокат Ѓорѓи Павлов Кавадарци
 
Дали некој во скоро време менувал пасош, ме интересира кога се сликал и кога си го зел пасоштот?
 
Дали може да извадам нов пасош со нова адреса на живеење различна од таа на личната карта? А после, коа ќе добијам термин да ја сменам адресата и на л.карта?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom