Повторно здраво
Иако на претходниот пост што го поставив ниеден јунак не ми помогна за решение за мојот дом во реновирање, еве што ја испитав од актуелните понуди на пазарот, па би ве замолил за мала помош повторно. Инаку се работи за куќа со супер изолација реновирана каде што по неколку совети од лица кои што се поспецијализирани на темава би ставил 2 инвертер клими со кои што би ги загревал двата спрата, долу 5,5 kw и горе 3,5kw.
Се мислам помеѓу неколку опции и тоа би биле следниве:
-Daikin FTXB-C 5 kW и DAIKIN SENSIRA FTXF-A 3,5kw
-Мitsubishi Electric MSZ-SF50VE 5,5 kW и Mitsubishi Electric MSZ-SF35VE 3,5 kW
-TOSHIBA RAS-B16PKVSG-E SUZUMI и TOSHIBA RAS-B13BKVG-E1
Ме советуваа да размислам и за GREE, но сепак мислам кога веќе ке ги користам како примарен уред за греење дека не треба да се иде на кинези, сепак на долги патеки Јапонец си е Јапонец. Исто така би сакал да посочам дека на некои страни налетав на дискусии дека за Daikin многу од битните делови а некаде се споменува и дека AIRFEl произведува се за нив, па ме заплаши тоа и некако се ме тера дека Toshiba си е Toshiba, башка многу убави зборови имам за нив од луѓе што ги познавам а веќе 5 година ги користат.
Слободно дајте некој совет или мислење.