Pet Friendly ресторани за дозволено присуство на кучиња во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Dejan66
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 ноември 2019
Мислења
55
Поени од реакции
25
Возраст
59
Не видов вакво нешто на форумов па би ја отворил темата за ресторани, гостилници како и кафулиња во Скопје во кои може да се дојде куче.
Би било пожелно од лично искуство членовите да кажат каде може да се дојде со куче.
Од ресторани може да се оди со куче во Кантина во Дебар маало (прашав но се уште не сум бил), сум бил во бавчата кај Кна на средно водно (можда и внатре може ама не сум прашал), кафулето Van Gogh внатре и надвор (во Дебар маало), во бавчата и пушачкиот дел во Барик (во Дебар маало), гостилница Крчма во Капиштец, Кај Бале на терасата во Т.Ц Капиштец (бивши BASF).
Убаво би било од членовите да се апдејтува со нови места оваа листа.:pijani:
 
Ја разбирам потребата да дојдеш заедно со куче во банка или пошта, но да има дедицирано место каде што ќе можеш да го оставиш кучето (некој да се погрижи за него, да му даде храна и тн.). Ама, како мислите дека е изводливо да постои Pet friendly ресторан и во него да има посетители кои не дошле да јадат заедно со кучето? Као, јас да си седам на маса со фамилијата и до мене да се врткаат кучиња? :)

Навистина сакам животни. Особено кучиња - ама прв ќе те измарширам надвор ако си до толку невоспитан да донесеш куче во ресторан. Ако има дедицирано место за кучињат (што не верувам дека има во Македонија) - немам ништо против. Но, не во близина на мојата маса.

За кафичи, со широки и отворени „бавчи“, генерално немам проблем.
Проблемот со замислат за пет-френдли ресторани е тоа што тие се друга конфигурација - се служи храна и има деца (семејства) кои ваљда очекуваат да јадат без стрес и лаење.
 
Последно уредено:

Полош си од Анима Мунди :LOL: Ти имаш веќе у земји,кафичи со мачиња или животинче за релакс време ..... А да не сакаш у близина појче од „сРцЕ“ мангупите и шо се лигават со гризење пола саат чепкалка и урлаат ко будали ....
 
Ти и Марик, тие сте.
 
У Македонија нема. Тука има многу такви ресторани, ама кучињата се чисти и никогаш не мирисаат. Во кафичи може да седат заедно со сопственикот ама во ресторан не. Има посебен дедициран простор за кучиња, всушност имаат и инспекции што го регулираат ова.
 
Реков: кафич + дедициран простор = немам проблем :)
Во ресторан, се сомневам и некаде надвор од Македонија е дозволено. И да е, сигурно е профи регулирано. Кај нас може да биде само импровизација - видел нешто од странство, ја украл идејата, ама не се придржува ни до основните принципи.
 
ми нема смисла ова ја да седам на маса а од спроти некоја чивава да ми лае, неприфатливо е тоа, пред се никаква култура се нема, второ осет за тоа како им е на луѓето околу вас
 
Во свет е сосема нормално секаде да си одиш со куче и речиси секаде е Pet Friendly, мислам на молови, бутици, кафичи, јавен превоз итн. Никој нема против тоа што си со куче, на никој не му смета и никој не се "гади" :). Далеку сме многу ние..за жал.
 
Реков: кафич + дедициран простор = немам проблем :)
Во ресторан, се сомневам и некаде надвор од Македонија е дозволено. И да е, сигурно е профи регулирано. Кај нас може да биде само импровизација - видел нешто од странство, ја украл идејата, ама не се придржува ни до основните принципи.
Дозволено.И не само што е дозволено туку и посебно столче носат за кучето ;)
Тетка ми има малтезер,во Удине живее и сегде кајшто влеговме носеа столче за кутрето,но сепак си седеше во ташна специјална за него,така го носат и на земја у живот нема стапнато освен на пелена
 
Во странство дури и кучињата се подобро воспитани од нашите.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom