Морал

Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Ja pa Marija Magdalena sve ja povrzuvav so ova...
Автоматски споено мислење:


Како еволуциските психологии го објаснуваат феноменот на медитацијата, да не барам ако знаеш на кратко...tnx.
Што подразбираш под „феномен на медитација"?
Зошто луѓето медитираат, зошто медитацијата помага на луѓето, или?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Што подразбираш под „феномен на медитација"?
Зошто луѓето медитираат, зошто медитацијата помага на луѓето, или?
Под феномен мислев на ова погоре.....сега видов дека си ме цитирал...
Автоматски споено мислење:

Jedan i jedini....d king :D
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Под феномен мислев на ова погоре.....сега видов дека си ме цитирал...
Автоматски споено мислење:


Jedan i jedini....d king :D
Еволутивните објаснувања не се занимаваат со феноменот на медитација структуралистички како невронаучните, туку функционалистички.
Невронауката ќе објасни кои структури се активираат додека медитираш и ќе бара невролошки корелати на искуството на медитирање.
Еволутивните објаснувања пак одговараат на прашања поврзани со адаптационата функција на медитацијата, односно, каква еволутивна предност има процесот на медитирање.
Во овој случај, има една позиција која се вика „панадаптационизам". Некои појави се странични продукти на модулите за адаптација. Пример за тоа е писмото. Нашите предци не пишувале, писмото се јавило како дериват на модулот за јазик.
Од тој аспект, мислам дека истото важи и за медитацијата. Процесот на медитирање е некаков епифеномен на други мисловни процеси (поврзан со метакогниција) кој се покажал бенефитен. Ама ова е мое мислење, немам информации за темава.
 

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Интересно е да се погледне слободната волја и од етички аспект во социјално-егзистенцијален контекст на општеството.
Слободата како начин на човековото егзистирање кај Карл Маркс, Фридрих Ниче, Мартин
Хајдегер, Жан Пол Сартр и други, се изразува преку повторување на идејата за
слободата на волјата било преку обидите истата идеја да се осветли на философски подлабок начин, т.е. како морален стремеж.

Човекот има моќ однапред да замисли одредени дејствени цели и намери, па целината на својата личност волно да ја насочи кон извршување и исполнување на тие цели и намери.
Одлуката за дејствување претставува реализација на одредена желба во одредена ситуација. Самиот поим, „волева одлука“, во себе го содржи тоа - да мора да биде свесна и намерна.
Со поставувањето на целта на дејствување, како и одлуката за дејствување, се доаѓа до самиот дејствен чин или акција. Овој чин може да се одреди како спроведување на дело на одредени цели, интереси и желби на човекот. Во тоа спроведување, човечкиот карактер ја манифестира својата човечност, како во однос на другите луѓе, така и во однос на себе си. Во самото морално дејствување можно е да се разликуваат две основни страни на дејствувањето: моралното постапување и моралното однесување.

Свесниот и волев однос спрема последиците од дејствувањето кај оној што дејствува се воспоставуваат
непосредно или посредно. Дејственикот како изграден морален карактер има способност непосредно со својата совест, како повратна свест, да ги оценува последиците од сопственото дејствување. Едновремено има и можност посредно, преку односите со другите луѓе во однос на неговите постапки, да се здобие со потполна свест за своите постапки. При ова одговорноста може да ја сноси само суштеството кое се смета за „пресметливо“ (импутабилно), т.е. суштество на кое му се припишува разумност во дејствувањето. Одговорноста има две страни во зависност од оценката или самооценката на вредносниот квалитет на моралните постапки. Може да се манифестира како морална заслуга (која е проследена со чувството на „мирна совест“, морална гордост, самопочитување и слично), ако постапката е оценета за позитивна. Меѓутоа, може да се манифестира и како морална вина, ако постапката е негативно вреднувана. Моралната санкција, која „моралниот виновник“ сам себеси си ја одредува, може да биде „грижа на совест“, срам и каење, а моралната санкција која другите му ја одредуваат се нарекува „морална осуда“ (која може да се движи од благ прекор до екскомуникација од одредената група, во која поединецот живее или дејствува).

Оттука, сосема е оправдана тенденцијата за философски подлабок начин на експликација на волјата, па затоа на истата се гледа и се разгледува како морален стремеж, пред сè, кон слободата. Имено, ако ги владее нагоните, човекот станува слободен од внатрешните, ирационални импулси и навики. Тој има самоконтрола, се издигнал до позиција во која тој самиот суштествено влијае врз своето однесување. Во овој случај, волјата е израз на самосвесната единка, која демонстрира рационално однесување, како една од многуте сили, кои влијаат врз нејзините решенија. Ако личноста е зрела и свесна, волјата е поддршка на нејзиниот општ напор да прави добро и на нејзиното самонасочување да го обезбеди тоа.
На овој начин, за волјата се говори како за израз на моралниот стремеж за добро дејствување, еден квалитет кој е основен за етиката -добрата волја, означувајќи личност со добра намера и со постојано својство на љубов за луѓето и за етиката.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom