Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Видов, ама нема за Кина, има за САД податок.
Бројките за мозочни изливи и срцеви удари се стравични, па не сум слушнал нешто за превенција од мозочен излив, врска на секојдневен стрес со истиот, како да се препознаат симптоми кои претходат итн. Значи реална секојдневна опасност која коси народ.
Ама за ова безначајно срање се труби 24/7, се затвараат граници, карантини, се складираат брашна небаре смак света, се полнат аптеки со редици пред нив, новинарите ископаа ново дно на кое не се спушта ни сидосана мет-хед проститутка, надминаа сите граници на бескичмењаштво и band-wagon крекање за да не испуштат процент гледаност или клик помалку. Им се насерам во уста на сите, која црна мајка ги исрала од чмар.
Не е безначајно. Проблем е сезонскиот грип на кој медиумите не му обрнуваат внимание (согласно тоа и граѓаните), а мора да се води иста пропаганда, кампања како и за короната. Со вакви вируси нема зезање.
Скоро половината хоспитализирани од сезонски грип 2018-2019 биле со срцев удар/заболувања.
Плус вели грипот е асоциран со зголемен ризик на срцев удар. Ризик поголем 6 пати.

зголемени се проблемите и кај луѓето со дијабетес.
30% од хоспитализираните од грип биле со дијабет.

Значи, покрај постарите од 70-80 години, овие 2 групи најризични во Корона заразата (кардиоваскуларни со над 10% и дијабет со над 7% односно 13% и 9%) се меѓу најризичните и при зараза од сезонски грип.
Што би значело, пред сезона на грип (и вакви пандемии како од Корона) треба населението да се информира за ризични грипи и последици наместо да се ќути за грипот. За мене ова е мањак на пропаганда, секојдневни информации за грипот на сметка на Корона вирусот. Ако недајбоже сте во некоја ризична група, нема да ви е сеедно, нели.

Овде ќе ги додадам прљавиот воздух кој го дишеме и другите слични ризици со околината, а кои се во корелација со овие вируси и ризичните групи.
 
Последно уредено:
Не знам во другите градови како е ама во Битола владее грипот, вирус ли е не знам шо е во прашање ама болницата и ординациите се преполни, најповеќе деца мали,
Моите внуци се од 2 до 5 годишна возраст еве веќе две недели не им врви, температуа висока, дијареа па и повраќање.
Некни буквално 2 и пол саати чекавме за преглед, во чекална 100 деца, сите со температури високи, едно дете се онесвести, хаос беше, еден доктор во ординација прегледва деца друг во ходник.
 
Не знам што се чудите, во Кина имаше снимка од луѓе како плукаат во лифт.
Бегството е гола вода.
Кина се 1 400 000 000
Ние сме‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎1 750 000
Те молам прави повеќе споредби што, каде и колку може да се очекува.
 
Кина се 1 400 000 000
Ние сме‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎ ‎‏‏‎1 750 000
Те молам прави повеќе споредби што, каде и колку може да се очекува.
Се имам споредено и пресметано.
Не знам зошто упорно хејтате колку не сме биле спремни да одговориме на вирусов.
Да, во почетокот потфрливме со тоа што стотици луѓе од епицентарот на жариштето слободно си влегуваа во нашата држава, без да бидат проверени на аеродромите или граничните премини. Ама, многу поголеми држави и поспремни од Македонија потрфлија. Вирусот е нов вид на корона вирус, за кој што дури и најголемите научници не се спремни да дадат довлно информации, сеуште истражуваат и учат. Сакам да кажам, не е се идеално и не е можно апсолутно целосно да контролираш толку голема маса народ. Разгледајте малку наоколу.
 
Ова е уште еден доказ за моќта на медиумите и за бесрамноста на новинарите, медицинските лица и сите поврзани со оваа паника, после бламовите со Сарс, свински, птичји, кравјо лудило, зика, ебола имаме најново сеење паника и параноја.
На крај некои ќе се опарат добро од сето тоа.
До овој случај имав и некаков респект према новинарството како фела, но после ова, кога ниту еден единствен не излезе од рамката, ја сметам за професија подолна од проституција. Никаков срам, никаква совест.

Туку, колку имаат умрено лица во Кина од сезонскиве мутации во споредба со светската вест број 1, баш би било интересно да се спореди.
Најстрашна болест е човечката алчност.Во моментов за нас и за овие во ЕУ поголема опасност преставува бегалскава криза во најава,него самиот корона вирус.Ама дур се свестме на граница ќе ни се исправат илјадници бегалци па ќе се чудиме шо не снашло.Како ни ги перат мозоците ,страшна работа.
 
Има некое инфо за дечкото од крузерот што е во болница во Јапонија?
 
Актери може да одат во карантин, али нашите „инфлуенсерки“ јок.

Типкава се вратила пред неколку дена од Милано, арно ама нашите инфлуенсерки се отпорни на корона и нема потреба од прегледи/карантин ;)
 
Јас не знам како некои се ставаат во одбрана на вакви личности ај да речеш дете не знае али возрасен човек свесно одлучува да дојде од најкритично подрачје и никому ништо, изгледа ние што сме совесни и што не размислуваме себично сме најглупи а воедно сме и најголеми хејтери и осудувачи.
 
На работа по цел ден сум во канцеларија со личност што се врати од Северна Италија во петок, ден да објават дека има корона во Италија. Си нема гајле. Јас цела недела одбегнувам контакти со луѓе и освен за работа нигде не излегувам. Досега никој нема симптоми, али да поминат 14 дена па малку да се подослободам.
 
Најстрашна болест е човечката алчност.Во моментов за нас и за овие во ЕУ поголема опасност преставува бегалскава криза во најава,него самиот корона вирус.Ама дур се свестме на граница ќе ни се исправат илјадници бегалци па ќе се чудиме шо не снашло.Како ни ги перат мозоците ,страшна работа.
а дури кога ќе почнат Мигрантита да шират Корона по рутите....
 
Актери може да одат во карантин, али нашите „инфлуенсерки“ јок.

Типкава се вратила пред неколку дена од Милано, арно ама нашите инфлуенсерки се отпорни на корона и нема потреба од прегледи/карантин ;)

Ќерка е на сопственичкат на локалната ТЕРА тв од Битола. Крушата под круша паѓа. Чупето е фино, воспитано и се' тоа ама не барај мн памет кај чоечиња на кои прва окупација им е инста.

На работа по цел ден сум во канцеларија со личност што се врати од Северна Италија во петок, ден да објават дека има корона во Италија. Си нема гајле. Јас цела недела одбегнувам контакти со луѓе и освен за работа нигде не излегувам. Досега никој нема симптоми, али да поминат 14 дена па малку да се подослободам.

Гледај твојот имунитет да е на ниво и личната хигиена. Не можеш со инка да им туриш, иста таква имаме на работа која ја прошета пола малезија или незз кај и да беше, дојде два дена на работа се испогушка се испобацва до пола колеги, пола град го сврти и седеше по кафиња (чиниш од февруарски поход се вратила, не од факинг одмор) и на крај кога слушна на тв дека "давале слободни денови" сама ојде кај директорот да се пријави дека била во области кај што има корона.

Не си ја стегајте душата за такви тиквари, ги имало и ќе ги има. Многу течности, витамини и зголемена свесност за хигиена, вирусот и онака ќе се шири на еден или друг начин.
 
Kako se širila epidemija, tako se zagađenje smanjilo

n1.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom