Има еден куп наши херој кој заслужиле да бидат величени, како дечкото од Лешок, вејце и тн.
Па величај ги бе пиле шарено, ти брани некој? btw. Множина се пишува, "херои".... "кои"... ама има време, ќе научиш и тоа.
Прашај рандом албанец кој бил некој командант од 2001 ќе ти речи тој бил херој. А ако случајно нема добро мислење за истиот командант оти дилал дрога, убивал и бај да веј има дојдено дома кај нив и им ги има земено децата да војуваат, па истите сега лежат во некој гроб по селата на Шара, тој албанец ГАРАНТ нема да дојде на форум и да јади бурек против своите. Биди сигурен.
ТОА е единствената поента што ви ја напишаа веќе неколку луѓе тука, а вие упорно мешате во муабетот политичари и слични глупости.
Еве за да сфатиш колку си контрадикторен и НЕфер кон својот македонски народ ќе ти посочам и во овој твој цитат.
Напиша дека треба да се величаат тие што беа масакрирани кај вејце, така?
1. Знаеш дека дел од нив беа лавови?
2. Знаеш дека некој се дрзна тука на темата цела ... Ај пак читај - да тврди дека ЦЕЛА единица лавови била формирана за да шверца бела техника? Да вадиме цитати и за тоа?
3. Дали барем малку не се осеќаш нелагодно бидејќи некој кој се борел во тие лавови е нечиј син, нечиј брат, побогу неговите деца овде на форум може да те читаат. Тој некој лежи сега два метра под земја, а син му те чита како го нарекуваш шверцер.
4. Кажи ми, ти и таквите како тебе, кој ден сакате и ќе бидите со две рала мадиња да ве однесам ЛИЧНО кај човекот кој со свои раце ги вадеше масакрираните од вејце? Такви, запалени, да се топат како свеќи пред него, да се распаѓаат. Беа лавови, а и тој беше лав и се' уште носи униформа, работи во мвр и НИКОГАШ не го имам слушнато НИКОЈ од своите соборци да ги наречи шиткачи на бела техника (ниту Мујо), НИКОГАШ.
И не бери гајле, кога ќе одиме и кога вака храбро ќе му ги изнесите вашите ставови тука од форум дека единицата му била шверцерска тој нема да ви ја расцепи главата на две - иако во најмала рака заслужувате по некоја воспитна. Туку со солзи во очите ќе ви раскажи како е да си ја браниш татковината додека друг ти ја продава, како е да учествуваш во фингерајка војна и како дури и повторно да има пиздарија ТОЈ ќе биди прв да се пријави за да оди на Шара и да те брани тебе и сличните.
Оди нему кажете му дека е шверцер, мене не мора.
За некои работи треба да се има осет и да се очува образот ама тко да ти каже ивана? На лудаци од овој тип не можеш да им објасниш дека не смееш да напагаш единица која е формирана и учествувала во војна за одбрана на татковината, макар и пола политичари од тоа се офајдиле. Луѓето од лавовите се 10 пати поголеми лудињи од вас и 10 пати повеќе си ја сакаат татковината. Би се срамел да сум на ваше место, ги поврзавте со политичари профитери, ги поврзавте со шиткање на бела техника, ги плукате СВОИТЕ додека ниту еден единствен албанец не дојде да речи командант тој и тој е ваков и ваков.
Да ви е на чест, а за понатамошна дискусија можете во лична порака пошто темата и онака служи за величање албанци и плукање лавови (да не ја расипуваме, сепак).