Коронавирус (COVID-19)

Член од
3 мај 2019
Мислења
19.196
Поени од реакции
10.162
А што убаво пишав вчера дека треба да си купиме нешто храна за по дома и да си се спремиме благовремено...ама пусто Македонче, чека последен момент:(
 
Член од
18 април 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
3.570
Во Тинекс моментално лудница...
Да се дешава нешто...
Автоматски споено мислење:

А што убаво пишав вчера дека треба да си купиме нешто храна за по дома и да си се спремиме благовремено...ама пусто Македонче, чека последен момент:(
Нема да одиш на работа? Нема воопшто да излегуваш од дома? Ќе гледаш сител цело време? :facepalm:
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.199
Поени од реакции
16.338
Да се дешава нешто...
Автоматски споено мислење:


Нема да одиш на работа? Нема воопшто да излегуваш од дома? Ќе гледаш сител цело време? :facepalm:
Дава Тинекс на 100мкд 15мкд поврат, нешто такво прочитав на една реклама ???
Инаку бев во Џамбо околу 13:30, во Веро живо празно
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.533
Поени од реакции
37.380
Јас откако се појави сезонскиов грип редовно употребувам антисептик гел за раце,
... зошто редовно? што би уништило да речеме антисептик гел, дали во самото упатство има дека уништува и вируси, нели оти спомнуваш секојдневна примена со појава на сезонскиот грип?

index.jpg group-medical-antiseptic.jpg unnamed.jpg

... да се потсетиме, средствата за дезинфекција зависно од нивниот состав можат да бидат со бактерицидно (MRSA), микобактерицидно (Mycobacterium tuberculosis), фунгицидно и вируцидно дејство.

...примена на антибактериски гел е многу ефикасна кога немаме услови за миење раце со вода и сапун, патување, состаноци тогаш ќе го примениме, без вода, без крпа а бришење едноставно, нели, гелот ќе се упие во кожата и ние за извесно време направивме некоја дезинфекција зависи од составот на гелот против бактерија, фунга или вирус!

секојдневна примена на антибактериски гел - Грешка! (n)

ANTISEPTIK_GEL_GEA_500ML_CAIRAN_PEMBERSIH_TANGAN.jpg antiseptik-onemed-gel.jpg kozhnyj-antiseptik-tefleks-a-01l-tf001_0-300x522.jpg

... антибактерискиот гел ќе ги уништи сите бактерии, не само лошите, патогени, туку и тие добрите што се на твојата кожа и кои се всушност твојата микрофлора и со незјино уништување се доведуваш до појава на разни дерматолошки проблеми на рацете, како прво!
...како второ, ако во антибактериски гел содржи на триклосан, телото ќе ја изгуби осетливоста на антибиотици поради некои мутирања на микрофлора токму од тој состав и што мислиш зашто сите дезинфекциони, антибактериски гелови се во мали пакувања? токму поради примена кога не е можно миење на раце со сапун и вода, но не навика секојдневна демек полесно, поелегантно, помодерно одржување на хигиената на рацете!

mienje-race_original.jpg

... мој совет, сите тие антибактериски гелови,течности, марамици, комбинирани со алкохол, триклосан САМО како алтернатива за миење на рацете во услови кога сапунот и водата ни се недостапни, но НИКАКО секојдневно! :neetaka:
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
170
Неколку пати тука прочитав ќе се лечеле со лук. Се надевам дека секој кој ќе го применува тој совет ќе си седи дома во карантин да не ги труе неговите сограѓани.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Инаку бев во Џамбо околу 13:30, во Веро живо празно
И шо има везе ако си бил во Џамбо во 13:30 кога за пациентот со корона се соопшти тек накај 4 и пол :confused:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Неколку пати тука прочитав ќе се лечеле со лук. Се надевам дека секој кој ќе го применува тој совет ќе си седи дома во карантин да не ги труе неговите сограѓани.
Нормално дека лук и ракија, лекарства нема во slavic world.

Мене ми е јако дека изназеле брашно ликови што кифлица немаат смесено во живот :pos: , мислам дека скраја да е ама деновиве и пожарната ќе врти :facepalm:
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
... зошто редовно? што би уништило да речеме антисептик гел, дали во самото упатство има дека уништува и вируси, нели оти спомнуваш секојдневна примена со појава на сезонскиот грип?

Прегледај го приврзокот 235250 Прегледај го приврзокот 235251 Прегледај го приврзокот 235252

... да се потсетиме, средствата за дезинфекција зависно од нивниот состав можат да бидат со бактерицидно (MRSA), микобактерицидно (Mycobacterium tuberculosis), фунгицидно и вируцидно дејство.

...примена на антибактериски гел е многу ефикасна кога немаме услови за миење раце со вода и сапун, патување, состаноци тогаш ќе го примениме, без вода, без крпа а бришење едноставно, нели, гелот ќе се упие во кожата и ние за извесно време направивме некоја дезинфекција зависи од составот на гелот против бактерија, фунга или вирус!

секојдневна примена на антибактериски гел - Грешка! (n)

Прегледај го приврзокот 235253 Прегледај го приврзокот 235254 Прегледај го приврзокот 235255

... антибактерискиот гел ќе ги уништи сите бактерии, не само лошите, патогени, туку и тие добрите што се на твојата кожа и кои се всушност твојата микрофлора и со незјино уништување се доведуваш до појава на разни дерматолошки проблеми на рацете, како прво!
...како второ, ако во антибактериски гел содржи на триклосан, телото ќе ја изгуби осетливоста на антибиотици поради некои мутирања на микрофлора токму од тој состав и што мислиш зашто сите дезинфекциони, антибактериски гелови се во мали пакувања? токму поради примена кога не е можно миење на раце со сапун и вода, но не навика секојдневна демек полесно, поелегантно, помодерно одржување на хигиената на рацете!

Прегледај го приврзокот 235256

... мој совет, сите тие антибактериски гелови,течности, марамици, комбинирани со алкохол, триклосан САМО како алтернатива за миење на рацете во услови кога сапунот и водата ни се недостапни, но НИКАКО секојдневно! :neetaka:
Фала ти што многу убаво објасни за гелов. Поима немав за овие работи што ги прочитав, срамота за мене :(.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.199
Поени од реакции
16.338
За првпат, повеќе новозаразени се пријавени надвор од Кина отколку во неа, што е голем пресврт, соопшти Светската здравствена организација.

Кинеските власти во вторникот објавија 411 нови инфекции; во остатокот на светот, бројот беше 427. Вкупниот број на заразени на светско ниво сега достигна 80.980, а скоро 3.000 починаа.

Денеска први случаи на заразени со коронавирус пријавија Македонија, Грција, Грузија, Финска, Пакистан, Бразил (прв случај во Латинска Америка)…, а во Италија почина дванаесетти пациент.

Во своето воведно излагање во брифингот за ковид-19, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО, рече дека се чини дека забавува стапката на нови инфекции во Кина, каде што почна епидемијата, додека расте бројот на земјите што се во рана фаза на епидемија.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Што ви е бе луѓе скраја да е дури и да го фатите чудово, освен ако не сте луѓе со хронични проблеми или срцево болни, треба да сте луди да отидете на клиника. Ќе ви се погоди партиски вработен лешпер во комбинација со нечистотата на клиника и како бонус и МРСА ќе добиете.
Искрено, мене повеќе страв ме фаќа од здравството кај нас, неголи од било кој вирус.
Бев на Инфективна пред 2 години, вода немаше во вц, сијалицата не работеше во истото, не сакам да правам муабет за чаршафите на кои ќе те легнат да ти стават инфузија.
Не да не се спремни за ваква работа нашиве, тие не се спремни за нормален ден работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom