Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Па тие луѓе со самото тоа купување на големо ги креираат тие цени.
Да иде нормално, сигурен сум дека имаат залихи супермаркетите за најмалку месец дена.
Ама не, Миле Паника и купуј се што ќе видиш.
Никад пред тоа не сварил паста дома, се појавил некој вирус некаде на 3.000 км од него, 25 пакувања купува. :yid:
Автоматски споено мислење:


До кога бе со овие муабети?
Уште колку ботови ќе го пишат ова?

Абе ти по пишувањево од Малта памет ќе ни солиш овде. Нека ви се натепаат три автобуса од Италија со Корона у тоа прдеж островче па ќе те видам шо ќе пишуеш тогаш.
Овде ѓубре цел куп државава, здравствово у колапс пар години наназад и тоа БЕЗ корона, а тек со неа шу ќе праиме.
 
За муабетот со маските поназад :)
IMG_20200226_181841.jpg
Сликата е од Мадрид пред некоја рандом аптека.
Во превод : Нема маски а и нема потреба
Имено пред два дена се откри и првиот случај кај нив
 
Па тие луѓе со самото тоа купување на големо ги креираат тие цени.
Да иде нормално, сигурен сум дека имаат залихи супермаркетите за најмалку месец дена.
Ама не, Миле Паника и купуј се што ќе видиш.
Никад пред тоа не сварил паста дома, се појавил некој вирус некаде на 3.000 км од него, 25 пакувања купува. :yid:
Автоматски споено мислење:


До кога бе со овие муабети?
Уште колку ботови ќе го пишат ова?


Види, не ми е цел да стварам паника пошто во мелбурн првиот случај пред повеќе од месец дена го имавме и животот овде си тече нормално. Ни маски ни ништо АМА овде здраството е на сосема друго ниво, хигиена има, лекови, продукти плус ако дојде тешко имаме влада што ако треба и ќе даде едонкратна парична помош (има порано) и се што треба... Еве во Кина и Хонг Конг тоа се случува за луѓето што не работеа деновиве владата ќе им подели по една плата. Овде нема проблем ниту простор за паника сеуште али да сум во мкд незнам колку би седел со скрстени раце...
 
45 држави се со Корона. Вкупно на планетава ~200.
~25% од државите на планетава имаат Корона!!!
Една четвртина од планетава!!!
 
...многу ми е мака што не прават будали или самите се наивно принудно будали, оти со лага не се решава проблемот! ги слушам на ТВ, интервју одговорни ВИП во здравствто:
„ се надеваме дека помина времето на инкубација на жената што од Италија е хоспитализирана во инфективна“ ...демек што не е заразна? :facepalm:

... инкубација ( период на латентност) е период кога телото нема појма дека е нападнат од вирус и не реагира на никаков начин, а најмалку знае околина околу тоа дека тоа тело го има вирусот во него! во твој период ниту термоскенер, ниту Ванѓа не може да знае од подмолниот напад на вирусот во организмот!

... инкубацијата, значи е моментот на влегување на вирусот во организмот до појавата на првите симптоми на болеста изнесува од 15 до 50 дена зависи за кој вирус се работи, тоа значи дека вирусот е влезен во организмот се размножува, но не прави никакви промени во здравјето на нападнатиот организам, телото НЕМА никакви симптоми, со што во тој период не се знае дека е вирусоносител, значи за време на инкубација вирусот се размножува курвински не давајќи никаков знак, единствено се активира тивко имунолошкиот систем дека е нападнато телото и можно детекција со покачена антитела да заклучиме дека нешто случува се додека не се појават симтомите на самиот вирус со што ќе знаеме со сигурност дека тоа е тоа! често пати кога доаѓа до целосно оздравување т.е. до уништување на вирусот во организимот, при лабораториски анализи имаме покачена антитела што пак може да ни даде погрешна насока дека вирусот не е уништен така да тоа не задолжителна индикација за присутна инфекција и затоа се има тие специфични маркери тестови за секој вирус, па и за корона вирусот.

...јас не знам зошто се зборува дека заразата е само за време на инкубација, а потоа демек никому ништо вирусот не се пренесува? инкубацијата како термин важи само за телото во моментот кое е нападнато, тоа не значи дека нема да нападне друго тело со свое специфично пренесување, зборувам општо за сите вируси...па и за корона вирус!

... и затоа извор на инфекција е човек со вирусоносителство - точка!

ако организмот има силен имунолошки систем пациентот нападнат од вирусот може спонтано да закрепне со благи невидливи симптоми со што истиот дури не се јавува на лекар, па и со корона вирус ќе биде пациентот носител без видливи симптоми поради силниот имунолошки систем и нема да се јави на доктор, ама тоа не значи дека нема можност да го пренесе!

и наместо да дадат предлози за зајакнување на имунолошкиот систем на телото, да се пие редовна терапија за другите присутни болести за да биде телото спремно за создавање на антитела и победа на било кој вирус па и корона, .. народот со никаква смисла трча по хирушки маски,дезинфекциони средства, по конзервирана храна по маркети, наместо да се засили здравата храна, овошјето, зеленчукот прекинување со пушење и алкохол, ама кој да даде совет ?

...и ДА, моментално најопасни се сега „парите“ тие се единствени нешта што најбрзо идат од рака во рака, па лижење малку на прстот, би рекла превентивна работа, плаќајте со картица!

...смог, чад, содржи неидентификувани супстанции кои секојдневно го дишиме, луѓево се исплашиле од корона вирус! :facepalm:
 
Последно уредено:
Абе не заебавајте лани по албанскине места кај нас у МК имаше епидемија од Шуга, од ШУГА у 21 век :ROFLMAO:
И викате тука без паника се е у реду, ќе си иде вирусов со комбе назад у Италија.
 
Јас разбрав дека седела овде инфицирана две недели откако се вратила
Мене ми се слушна дека се лечела две недели, ама не од корона, немала поим дека има корона. Можда не сум чул добро :D
 
45 држави се со Корона. Вкупно на планетава ~200.
~25% од државите на планетава имаат Корона!!!
Една четвртина од планетава!!!

Пута три рачунај.... :D
И не се 200 околу 160 држави се.
 
Абе ти по пишувањево од Малта памет ќе ни солиш овде. Нека ви се натепаат три автобуса од Италија со Корона у тоа прдеж островче па ќе те видам шо ќе пишуеш тогаш.
Овде ѓубре цел куп државава, здравствово у колапс пар години наназад и тоа БЕЗ корона, а тек со неа шу ќе праиме.

Човек немој бе со овие глупи муабети.
Ја не смеам да кажам нешто за државата во која живеев 25 години на форумов и ако спомнам дека сум во Малта одма солам памет.
Овде дневно има по најмалку 20 летови од Италија и 3-4 брода...најмалку!!!
Моја претпоставка е дека на Малта е веќе присутен ама или не се открива или не е откриено.
Неможе на некој остров што е толку поврзан со жарот да нема а да има во Хрватска, Грција и Македонија.
Без разлика, и ете официјално да е присутен што да се прави?
Да земеме да се акаме од земја и да не излагаме од дома а процентот на смртни случаеви е ептен низок.
Едноставно искулирајте сите, и вас да ве фати, ќе ви пројде.
Треба да се мислат тие што се со хронична болест, не некој здрав прав.
 
мене денес ми пратија договор за работа од Хокнконг


Одличен тајминг, корона, протести, рецесија, криза... Ако идеш добро наплати и барај договор во USD... Ако имаш избор смести се окулу Wan Chai.
 
Уствари не сум многу грешка, ако знаеле дека има корона ваљда немало да ја пуштат.

„Жената е сместена во изолација на Клиниката за инфективни болести во Скопје и се третира соодветно на нејзината возраст и состојба. Еден месец била во Италија, а две недели била болна и третирана со антибиотици во италијанска установа. По враќањето во Скопје, веднаш се упатила на Клиниката за инфективни болести. Се прават проверки на сите лица кои биле со неа во комбето, ќе бидат идентификувани, соодветно третирани и ќе бидат ставени во двонеделен карантин“, изјави Филипче.
 
Човек немој бе со овие глупи муабети.
Ја не смеам да кажам нешто за државата во која живеев 25 години тука ако спомнам дека сум од Малта зашто одма солам памет.
Овде дневно има по најмалку 20 летови од Италија и 3-4 брода...најмалку!!!
Моја претпоставка е дека на Малта е веќе присутен ама или не се открива или не е откриено.
Неможе на некој остров што е толку поврзан со жарот да нема а да има во Хрватска, Грција и Македонија.
Без разлика, и ете официјално да е присутен што да се прави?
Да земеме да се акаме од земја и да не излагаме од дома а процентот на смртни случаеви е ептен низок.
Едноставно искулирајте сите, и вас да ве фати, ќе ви пројде.
Треба да се мислат тие што се со хронична болест, не некој здрав прав.


Со тоа што малта е мегу првите 5 држави во европа по здраство...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom