...многу ми е мака што не прават будали или самите се наивно принудно будали, оти со лага не се решава проблемот! ги слушам на ТВ, интервју одговорни ВИП во здравствто:
„ се надеваме дека помина времето на инкубација на жената што од Италија е хоспитализирана во инфективна“ ...демек што не е заразна?
... инкубација ( период на латентност) е период кога телото нема појма дека е нападнат од вирус и не реагира на никаков начин, а најмалку знае околина околу тоа дека тоа тело го има вирусот во него! во твој период ниту термоскенер, ниту Ванѓа не може да знае од подмолниот напад на вирусот во организмот!
... инкубацијата, значи е моментот на влегување на вирусот во организмот до појавата на првите симптоми на болеста изнесува од 15 до 50 дена зависи за кој вирус се работи, тоа значи дека вирусот е влезен во организмот се размножува, но не прави никакви промени во здравјето на нападнатиот организам, телото НЕМА никакви симптоми, со што во тој период не се знае дека е вирусоносител, значи за време на инкубација вирусот се размножува курвински не давајќи никаков знак, единствено се активира тивко имунолошкиот систем дека е нападнато телото и можно детекција со покачена антитела да заклучиме дека нешто случува се додека не се појават симтомите на самиот вирус со што ќе знаеме со сигурност дека тоа е тоа! често пати кога доаѓа до целосно оздравување т.е. до уништување на вирусот во организимот, при лабораториски анализи имаме покачена антитела што пак може да ни даде погрешна насока дека вирусот не е уништен така да тоа не задолжителна индикација за присутна инфекција и затоа се има тие специфични маркери тестови за секој вирус, па и за корона вирусот.
...јас не знам зошто се зборува дека заразата е само за време на инкубација, а потоа демек никому ништо вирусот не се пренесува? инкубацијата како термин важи само за телото во моментот кое е нападнато, тоа не значи дека нема да нападне друго тело со свое специфично пренесување, зборувам општо за сите вируси...па и за корона вирус!
... и затоа извор на инфекција е човек со вирусоносителство - точка!
ако организмот има силен имунолошки систем пациентот нападнат од вирусот може спонтано да закрепне со благи невидливи симптоми со што истиот дури не се јавува на лекар, па и со корона вирус ќе биде пациентот носител без видливи симптоми поради силниот имунолошки систем и нема да се јави на доктор, ама тоа не значи дека нема можност да го пренесе!
и наместо да дадат предлози за зајакнување на имунолошкиот систем на телото, да се пие редовна терапија за другите присутни болести за да биде телото спремно за создавање на антитела и победа на било кој вирус па и корона, .. народот со никаква смисла трча по хирушки маски,дезинфекциони средства, по конзервирана храна по маркети, наместо да се засили здравата храна, овошјето, зеленчукот прекинување со пушење и алкохол, ама кој да даде совет ?
...и ДА, моментално најопасни се сега „парите“ тие се единствени нешта што најбрзо идат од рака во рака, па лижење малку на прстот, би рекла превентивна работа, плаќајте со картица!
...смог, чад, содржи неидентификувани супстанции кои секојдневно го дишиме, луѓево се исплашиле од корона вирус!