Во петокот на ургентно немаше лекар за прием + немаа тонер да испечатат резултат.
Кога сме кај ургентно, да пренесам една информација.
Баба ми падна и ја повреди главата пред 3 недели (да чукнам во дрво се е супер) ама беше драма, крвишта, и одма ја однесов таму (10:00).
Одма и направија прегледи, КТ (имаат нов и брз КТ алал да им е), крвна слика, ја зашија итн. Арно ама требаше да ја прегледа неврохирург по втор пат за да ја пушти. Чекавме 5 саати за тој неврохирург. Баба ми со своите скоро 89 спизде, леле ќе ми зараснеше дома ова без шиење кај дојдовме кај се запустивме
НЕЈСЕ
Муабетот ми е. Имаше еден доктор. Значи јас бев 8 саати таму. Докторот 90% од тие 8 саати го помина во својата канцеларија/соба во која немаше ни компјутер ни ништо, и 2-3 пати додека му влегуваа го гледав дека си седи на еден двосед/тросед и си гледа на телефон.
Докторот излезе 2 пати од собата. Погодоте за што?
Првиот беше дека дојде една сестра, со друга сестра од друг одел (која моментално не е на работа) со нејзиниот син (~18 год) и го замолија докторот ако можело да му стават инфузија на детето пошо бил настинат!!!! Нема проблем секако. И влегоа у една соба таму си стоеше таа отворена собата и си се смешкаа, „хехе ова е ВИП соба“
Второто излегување од собата на докторот му беше кога дојде еден човек со помало дете и и рече на сестрата кажете му на докторот му се јави мој човек сега... и исто беше за некоја бананлна глупост за детето.
Е тоа му беше работниот ден на докторот.
А и уште нешто, имаше доктор таму помлад од мене (<30) кој изгледа беше со посебни потреби (тој ја прегледо најпрво баба ми). Не осудувам ништо само така пренесувам како информација. Ме пратија да однесам крв во биохемија и ми рекоа за 1 саат резултати и кога се вратив им кажувам ми рекоа за 1 саат и докторов „како бе, а бе ќе ги убијам, а бе ќе ги задавам а бе оди таму кажи им (и се обрати на сестрава)“ баш тие зборови... имаше и други знаци ама ај... и ја ја гледам сестрава и таа со некоја кисела насмевка ме гледа и сака нешто да ми каже ама не може