- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.081
- Поени од реакции
- 12.630
Ја спомнав Студената Војна бидејќи ти спомна дека западот ваков каков што е од пред 40 години ти не го поддржуваш, а баш тој период е златното доба на Студената Војна, кога Советскиот Сојуз им е` дежурниот душман на американските политичари, против кој не штедат на средства кои ќе им бидат од корист во Студената Војна, вклучувајќи ја и употребата на хемиско оружје низ џунглите во Виетнам, бомбардирањето невино цивилно население со напалм, како и безбројните воени злосторства и масакри. А да не ги спомнуваме па сегрегациските политики против црнците во тие убави времиња помеѓу 1950 и 1980 година.Пак сам ми ставаш заклучоци кои не се мои. Ок е, јасно е дека сакаш да препираш, ама пробај со факти, а не рекла казала.
Значи напишав почетоците, а ако почетоците за тебе се студената војна, толку знаеш економска историја, а и претходно кажав до 1950.
Пробај повторно, можеби ќе успееш од 10та
Геноцид сум оправдувал Неколку пати сум напишал дека сме сеуште варвари во свеста, само со модерно оружје. За да ме сфатиш, ќе треба да го прочиташ Walter Russell, т.е. Да Винчи од нашето време, Н.Тесла му рекол дека јавноста не е спремна за неговите знаења.
Зашто Кина, Русија, Конго не создале општество моќно како САД или евреите решиле таа вукојебина од нула да ја изградат...
А ако ти го сметаш периодот до 1950 година за златното доба на американскиот капитализам, не заборавај дека САД излегле од Големата Депресија дури после 7 декември 1941 година кога Јапонија го нападнала Перл Харбор, по што САД и официјално влегле во Втората Светска Војна, а излегле како многу побогата држава благодарејќи на ресурсите кои завршиле под нивна контрола после војната.
Истиот тој капитализам цветал во 1920-те години, но повторно како резултат на богатствата извојувани во Првата Светска Војна, за потоа да потфрли во 1929 година.
Секако дека не може да им се негираат некои од најголемите достигнувања во историјата на човештвото на американците - 4 месеци после крвавото задушување на Илинденското Востание, во декември 1903 браќата Вилбур Рајт и Орвил Рајт го извеле првиот успешен авионски лет, што говори во каков свет живееле тогашните американци, а во каков свет живееле нашите предци.
Радиото - за кое му биле признаени заслугите на Никола Тесла кога веќе бил на смртна постела, телевизијата - за која му биле признаени заслугите на Фајло Фарнсворт кога веќе истекол индустрискиот патент, поради што не видел ни цент заработувачка за својот револуционерен изум, информатичката технологија и Интернетот - секако дека се американски изуми, и секако дека Русите и Кинезите треба да се запрашаат како на нив не им текнало да измислат нешто такво во тие времиња.
Но тоа не го негира фактот дека твоите американски миленици пропуштија историска шанса после распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Варшавскиот Пакт да бидат вистински миротворци и да донесат вистински напредок и развој за целото човештво во 1990-те години, но сепак одлучија да бидат агресори. Водејќи се според старото правило кое гласи дека на победникот му припаѓа пленот, САД продолжија да глумат светски полицаец и да ги повторуваат постапките на Римјаните, за кои римскиот историчар Тацит убаво рекол:
" Создаваат пустина и ја нарекуваат мир " .
А можеа да одберат поинаков пат и да се однесуваат како трговски партнери на целиот свет, а не само на одредени држави, наместо да ја ангажираат ЦИА за да му помогне на Борис Јелцин да освои втор претседателски мандат во 1996 година и наместо да ја бомбардираат Југославија во 1999 година.
Последно уредено: