Добро сега ќе излажам ако речам дека и јас немав хајп за оваа сезона ама мора и да се стрпиме малце, цел тим ни отиде лани, цела 4-ка назад, Хуанфран и Годин колку и да беа во изминати години сепак беа клучна алка во одбраната, додај го и капитенот тука, за Гризман да не прајме муабет, пола голови тој ги даваше.
Ќе биди нехумано ако очекуваме одма работите да се средат преку ноќ. Резултатите ќе си дојдат сигурно ама треба време да се уигра овој тим, не е лесно цел тим преку ноќ да го сменип и да се бориш со Барса и Реал за титула. Победата над Ливерпул и евентуално ако ги испадниме ќе има позитивен ефект врз играчите и тоа можи да значи пресврт во сезоната за Атлетико на подобро.