Народот често пати не прави дистинкција и површно размислува кога се работи за Европа како континент, Европската унија, и Северноатланскиот (воен) сојуз - НАТО.
Имаме примери како врвни европски демократии од типот на Норвешка и Шведска, кои не членуваат во двете организации истовремено.
Неколку примери сакам да наведам.
1) Норвешка не е член на Европската унија, но членува во НАТО.
2) Шведска од друга страна е членка на Европската унија, но не и во НАТО.
Тоа укажува дека големите демократии (посебно Скандинавските) размислуваат и се дел од светската геостратешка "игра", каде што одлуките ги носат базирани строго на сопствените (државни) интереси.
3) Брегзитот од трета страна е исто така голем показател дека се случуваат промени од голема магнитуда за кои ние обичните државички не сме ни свесни.
4) Турција како членка на НАТО договара и реализира антивоздушен систем за одбрана од директниот противник на алијансата - Русија, и во исто време учествува во креирањето на америчките Ф-35 стелт авиони од 5тата генерација.
Заклучок по ваквите примери можеме да носиме сите индивидуално, но мислам дека тука голема улога имаат нивните агенции за државна и интернационална безбедност, па политичарите се прилично добро известени пред да ги носат нивните одлуки.
За жал, ние сме далеку од тие стандарди, но можеме барем да се запрашаме зошто е тоа така и зошто големи држави прават потези кои се повеќе и повеќе наликуваат на "затишје пред бура"...
Ова е мое лично мислење, и можеби грешам но... чувстувам дека се случуваат големи геостратешки игри од светски размери, а Р.С. Македонија е некаде тука во центарот на првите линии од фронтот (исток-запад) историски познат како Студената војна која никогаш не завршила, ниту ќе заврши.
Гледам дека се воздржуваш, со строго контролиран вокабулар, се обидуваш да ја протнеш “својата“ замисла, а при тоа да не предизвикаш револт или бојкот кај членовите на форумот. И тие се воздржуваат па се нешто од околу, но бидејќи сакаш да наметнеш агенда да видиме за што всушност станува збор. Во која грмушка лежи Црпе?
Ајде да одиме по ред.
1.Прво темата не е актуелна!
Истата беше актуелна до пред неколку години, кога постоеше Македонија, денес Македонија не постои.
Има некаква творба наречена ... јас ја нарекувам Северџистан, би рекол копиле на меџународната во 21 век. Значи Македонија не влезе во НАТО туку го набутаа со сила новосоздаденото ..., изберете самите како ќе го нарекувате. Имаше обиди пред неколку години од страна на поединци да го актуелизираат ова прашање ама беа набркани, веројатно такви директиви стигнаја.
2. Па ни Австрија и Швајцарија не се членки на НАТО, Австрија не беше ниту членка на ЕУропска... дали Швајцарија која не е членка е загрозена или Австрија. Всушност од кого е загрозена Македонија па мора да биде набутана во воено-политички пакт (ОТАН) кој е ударна тупаница и се користи само за наметнување на политиката и демонкратија на тнр “запад“.
Политката на САД НАТО мембреките може да се објасни вака на еден сликовит начин:
Стои насилникот покрај пат и поминува човек а овој му вели сакаш да купиш цигла, овој не, ама сакаш да купиш нели, овој повторно НЕ, е тогаш тој ја испраќа екипата да го “масира“ овој на што овој по некое време вели добро добро ќе купам цигла, колку пари чини?
Во случајот со Македонија чини непостоење на македонска држава и класичен етноцид!
Со кои мотиви се оправдува еден класичен насилен и би рекол етноцид и при тоа се пласира теза дека насилникот бил доброчинител?
3. Немој со геостратегија, молам, прво почни од геополитика (се надевам има и такви, но не да ми рецитираат што пишува во доктрините на големите туку со своја глава што тоа значи и како тоа ќе се имплементира-операционализира во некој период од 10-20 години може и 50 а пред се за и кон Македонија), такви кои рецитираат песнички научени на вечерни курсеви ги има и веќе ги ставив на идиот-листата, па овој пат нема да ме тормозат.
4. Брегзитот е настан од така висок значај во новите светски турбуленции (во најава нова светска структура на моќта) и доправа ќе видиме што наумиле во старата империја, само да не одлучат повторно со нас да се мавтат затоа што тоа би значело дека ќе не делат повторно. Малку им било во 1913 па сакаат уште.
5. Се гледа дека е “твое“ мислење, и можам да речам дека е во погрешна насока - погрешно. Македонија нема геополитички ниту геостратешки значај, нема да има се додека е поделена и е безгласна буква, единствено што Северџаните не ставија на листата на потенцијални цели за РФ во случај да продолжат со упикување (се однесува за северџани во сите бои - хи, хи, шарени Северџани) и као случајно им падне на памет некаков идиотлук од типот да ги потплатите САД да сметсат некоја ракета на наша територија или можеби командно место, е тогаш со гаранција сме загрозени и ќе треба да копаме бункери и да купуваме јод.
П.С.
Мислев дека на сите им е познато дека од вкупно 193 членки на ОН,
134 воспоставија дипломатски односи со нејзиното уставно име Македонија!
Не знам зошто се служите со конструкции за да оправдате нешто што не може да се оправда?
Многу посоодветна и актуелна тема би била со наслов
Дали е потребен референдум за влез во НАТО?
Или како тоа лица кои за себе сакат да речат дека се демократи не почитуваат еден институт на демократија како што е референдум и резултатите од последниот а на кој меѓу другото имаше и прашање дали сте за НАТО, и се доби одговор НЕ!
Ете Никола што имаш ти како човек кој со години следи ... има да рече на ова со референдумот?
Не сметаш ли дека е тоа многу позначајно прашање од НАТО, нели сакаш правда како и сите, за каква правда збориме ако не се почитува волјата на граѓаните, поточно на Македонците?