Во духот на темава, би сакал да приложам свое видување на едно дело од актуелниот натпревар.
Имено, се работи за безименото дело на авторот
@Anon, кое сметам дека остана незабележано од форумската јавност.
Прегледај го приврзокот 234179
Во духот на големите концептуалисти на минатиот век, како Piero Manzoni и неговото
Artist's Shit, Duchamp со неговиот
Писоар, и се разбира Maurizio Cattelan со неговата
Америка, авторот Анон прави успешен обит да ја проблематизира конзумеристичката култура како актуелна клима во неговото опкружување, предизвикувајќи длабоки контемплации кои водат кон промена на парадигмата.
Неговиот суров пристап и во изборот на средствата ( во случајот мобилен телефон со неквалитетна камера ) и во композицијата која навидум е спонтана и без аспирација за Ај Кенди впечаток, укажуваат на длабоко промислен наратив во функција на апатијата на еден млад човек во 21-ви век.
Но затскриено во целиот тој впечаток на сарказам е вграден неспорен интелект, несватен од неговите современици како што најчесто се случува со визионерите во било кое доба, па авторот ни нуди уште еден леер за контемплација, секвенцата на Fibonacci, но со тенденциозно искривување и декомпонирање како метафора за искривената перцепција на хомосапиенсот.
Прегледај го приврзокот 234181
За крај, би додал дека ова дело заслужува свое катче во галеријата Тејт Модерн, а авторот Анон повеќе од сигурно заслужува да биде во фокусот на јавноста, во мојот фокус е веќе некое време.