Проектна по Информатика

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Да, како што кажува насловот правам проектна по информатика за тема: FPS игри (First Person Shooter). Не ве терам да ми ја пишувате, сам ја правам, туку дајте некој предлог што да вметнам да ја нашминкам убаво.
Слушнав максимум 8 страни требало и фонт 12 - ка, така?
Што им е тоа проред 1,5. Гледав на нивниот сајт пишува и дека тоа треба да се запази.
И, дали мора да биде максимум 8 страни или може и помалце?
Фала однапред :)
Автоматски споено мислење:

Првиот ред да почнам со општо за игри, ќе издвојам дел за FPS игри и ќе почнам со нив. Ќе пишам за нивната историја, како се појавиле, е сега за после ми е малце терсене. Секоја FPS игра си е различна. Дајте малце идеи, предлог некој.
Ако има некој пример да видам отприлика како што. Немора да е баш за ваква тема ама тука негде да биде. Да знам чисто за ориентација.
 

EmilijaS

Cat lady
Член од
21 јануари 2016
Мислења
627
Поени од реакции
2.485
Ако е максимум осум страни тогаш не поќе од осум, за помалку како било. Ако е минимим осум страни тогаш мораш да имаш осум.

Проредот мислам дека основниот е 1.5 на ворд, то е просторот меѓу редовите текст. Вака од телефон не знам како да ти објаснам кај се наоѓа, ама ако никој ти нема пишано до после ќе ти прикажам слика кај се наоѓа од пц. Значи важно е растојанието меѓу двата редови текст да не е збиен и основниот е 1.5, шансите се дека толку ти е наместено автоматски ама добро е да препровериш за секој случај.

Фонт 12ка и Times New Roman ти се почеток за праење проектни, неодамна ми кажаа дека можи и фонт Arial ама не ми е јасно како и зошто. Нормално, порамнето од двете страни.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.918
Поени од реакции
42.625
ќе земеш празен лист и ќе направиш план за што ќе пишеш, прво вовед па после по неколку листа за некои игри, и пиши за класики некои ко DOOM, Half Life. Ја пишував семинарска за графички картици на времето, и дипломска пишував од 40+ листа, па види колку треба више да знаеш да дипломираш.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
Концентрирај се на енџините- id tech, source, unreal, unity итн.
Што кажа рон, опиши ја еволуцијата и рендерирањето на околините и партиклите(полигони, 3 д ефекти, итн)
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Тоа се на се 10 страни ќе му дое ама 2 - те се од државна матура и тоа што пишува име презиме кандидат итн...

Инаку да, ќе почнам општо па историја, па ќе прејдам главно на игрите, па нивните Engines.

Пр. PUBG тоа тоа и тоа, така така и така (ќе објаснам каков вид на FPS игра, и кој engine користи (Unreal Engine, и ќе објаснам за самиот engine). Сепак највеќе ќе се задржам на игрите, и нормално нема 1 FPS игра, има многу повеќе, и не планирам да си изгубам време на тоа.

Значи прво вовед, општо, па историја и после тоа за игрите и Engines.

Последните страни ќе треба заклучок? Што би било пожелно да напишам?

И, кај користена литература што да пишам, ако немам ништо од интернет извлечено?
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
PUBG.....
Има трилион бољи од нејзе....знаеш.
Фактот е , кога излезе беше сензација...сега е заборавена. Исто како fortnite.
А скоро секој добро информиран има слушнато за quake, doom, half-life, call of duty, halo, tomb raider, metal gear, hitman , warcraft, counter strikе итн.....
Ќе ти кажам одма, преиспитај си ја перспективата....
Зашто по 10-20 , дури и 30 години, квалиетот и иновативноста си зборат сами за себе.
Не се трендовски хирови што имаац цел да привлечат внимание, и со внимание да продаваат. Хајп-от(hype) е чума на модерната индустрија....
Tака да ќе ти го кажам следново, пошто веќе го правиш, свати го озбилно.
PUBG не е озбилно....не како игра , ниту како тема. Повеќе ќе звучи како пазарџиска реклама, него како сериозен текст...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.918
Поени од реакции
42.625
Тоа се на се 10 страни ќе му дое ама 2 - те се од државна матура и тоа што пишува име презиме кандидат итн...

Инаку да, ќе почнам општо па историја, па ќе прејдам главно на игрите, па нивните Engines.

Пр. PUBG тоа тоа и тоа, така така и така (ќе објаснам каков вид на FPS игра, и кој engine користи (Unreal Engine, и ќе објаснам за самиот engine). Сепак највеќе ќе се задржам на игрите, и нормално нема 1 FPS игра, има многу повеќе, и не планирам да си изгубам време на тоа.

Значи прво вовед, општо, па историја и после тоа за игрите и Engines.

Последните страни ќе треба заклучок? Што би било пожелно да напишам?

И, кај користена литература што да пишам, ако немам ништо од интернет извлечено?
Како бе дете pubg фпс? Си изгуглал што значи фпс?
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Како бе дете pubg фпс? Си изгуглал што значи фпс?
Под FPS, подразбирам First Person Shooter.
Да, PUBG е Battle Royale игра, ама има опција за менување од 3rd person во 1st person, и има 1st person only, па така да дел од играта е уствари FPS (се се сведува на играчот дали тој ќе одбере да игра TPP [Third Person Perspective] со опција за менување во FPP [First Person Perspective] или само FPP.
Звучи комплицирано, па така да 95% ќе вметнам игри што се само FPS, а тие 5% ќе бидат игри како на пример PUBG, и ќе објаснам за делот во кој што може да се менува при избор на играчот, и ќе го објаснам делот со FPP. Како што реков највеќе на тоа ќе се задржам и ќе гледам да не излетам од темата.
Edit: за PUBG нема се да пишувам, нит па за било која друга игра, туку само ќе спомнам, и не ми е таа игра зацртана туку ќе пишувам и за многу други игри. Фактички ќе го објаснам концептот кој што се користел и се користи низ различни игри. PUBG ја земав само како пример. Еве може и CSGO, и Half Life, и DOOM, ги има многу.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Кај нешо најлесно избрал уште идеи сакал.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
Нешто најлесно.... дури и најбаналните ствари може да изгледаат лесно, ако не ги сваќаш озбилно...
Смешниот дел е кога не го знае ни оригиналниот counter strikе, а камо ли класичен DooM
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.738
Поени од реакции
27.731
Нешто најлесно.... дури и најбаналните ствари може да изгледаат лесно, ако не ги сваќаш озбилно...
Смешниот дел е кога не го знае ни оригиналниот counter strikе, а камо ли класичен DooM
ќе објаснел се што се секираш си пиша ќе објасни историја како настанале итн итн ќе пише перспектива дека можело да се смени итн итн
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.486
Поени од реакции
4.324
Момемнтот кога PUBG e спомнат, ја разбрав целосната ситуација...
Што се тиче до мене-галје ми е . Нека понавља....
Тоа е разликата. Mу нудиш скапо вино и квалитетно виски, он сака шотови евтина текила и пиво...
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Како и да е. Сепак си средношколец, нормално сакаш игрици и океј е да си направиш проект на темата што те интересира. Ми дојде интересно кога прочитав дека максимум 8 стр треба да биде :). Ги мрзи ли да читаат професорите повеќе :). Вовед, историја, главна тема, заклучок -твој, литература и тоа би било како концепт. Но спремај се за многу повеќе ако планираш да навлезеш во ИТ образование понатака во животот.
 

The Wild Boy

љепотан
Член од
26 декември 2017
Мислења
1.572
Поени од реакции
939
Кажав и пак ќе кажам, ја спомнав PUBG бидејки таа е игрица која што ја имам највеќе играно у последно време, па за неа највеќе знам.
Одлучен сум оваа година да се стегнам, и да си ја фатам работата озбилно, бидејки после универзитет а и патот си го гледам надвор па заради тоа ова озбилно ми е зацртано и нема назад.
Е сега тоа што е 8 страни, знам малце е. Јас можам и 20 да напишам, ама ќе гледам да се стиснам до 8 страни во кратки црти.
Ги знам игрите јас многу убаво, тоа не е проблемот туку барав малце идеа како да го оформам.
Е сега, бидејки повеќето ќе биде од мое лично познавање и јас ќе си го оформам, не планирам да проверувам, освен од википедија. Што ќе треба да напишам во користена литература освен од википедија, ако се друго сум напишал јас?
Инаку фала ви за тие што ми одговорија, ќе седнам вечер да го навезам, па кога ќе завршам ќе ви пратам па видете вие дали добро сум го средил.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
Што ќе треба да напишам во користена литература освен од википедија, ако се друго сум напишал јас?
Тоа што си го употребил од користена литература (википедија и сл.) ќе си го наведеш на крај во тоа поглавје по абецеда (комплет сосе линк) а другото што си е твое си е твое, не го наведуваш таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom