Откровение 16
13. И видов кога од устата на змевот и од устата на ѕверот и од устата на лажниот пророк излегоа три нечисти духа, како жаби;
14. оти тоа се ѓаволски духови, кои прават чуда; тие одат кај царевите на целиот свет, за да ги соберат за војна во оној голем ден на Бога Седржителот.
15. ”Ете, Јас доаѓам како крадец: блажен е оној, кој што бдее и пази на алиштата свои, за да не оди гол, и да не се гледа срамот негов!”
16. И ги собра на местото наречено по еврејски Армагедон.
Армагедон, отвара многу прашања, каде е тоа место, што сакал да каже, кога ќе се случи или можеби веќе се случило.
Најнапред за оние луѓе кој имале визии .
Треба да се знае дека кога некој човек имаа визија тој гледа на светот, човекот или настан , без да учествива во нив, како да гледате партија шах од страна ,а некој друг ги влече потезите.
Тој е надвор од времете, пример човек на земјата промените на годишните времиња во кој е присутен ги следи од ден за ден , во лето се сеќава на зимата, а во пролетта за есента. Иствремено во еден миг не ги гледа.
Додека во визија тие може да ги види на следен начин.
"И видов на небото два змеја како се борат, едниот беше бел , а другиот црвен"(летото и зимата)
Или...за календарот, како дванаесет началници , голема војска набројувајќи имиња како за луѓе, а тие се деновите и саати.Времето е тоа што ве напаѓа.
Во зависност од културата, фолклорот и традицијата, употребува и термини за да ја пренесе визијата со човечки говор.
Ако гледа планина, која исто преставува време, тргнете од подножјето и се искачувате нагоре може да ги сретнете сите годишни времиња, на врвот снег и повторно надоле. Седум планини..седум години.
Армагедон, или планината Магидо која ја видел е ВРЕМЕ, Јован сака да каже дека трите нечисти духови кој излегле од змејот, ѕверот и лажниот пророк (нив нема да ги коментирам) ќе ги соберат царевите од целиот свет за борба во времето, а тој кажува планина Магидо или Армагедон.
Целиот текст на Јован се врти во круг, за едно исто зборува со различни зборови и приказни.
Блудница која го јава ѕверот, календарот/времето на вашиот грб.
И предупредувањето е интересно.
Излезете од Вавилон, повторно за времето...или кажано едноставо, излезете од календарот да не се заразите.
Што значи да излезете од времето?
Да се врати човекот на природата.
Јасно Јован видел во душата на човекот , а човекот и светот се едно.
Човек во време кое се мери ќе го донесе светот до уништување, затоа е тука Исус како нов почеток кое го гледа како свадба.