Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
за 2018 Антигва и Барбуда имаат над 7% пораст на бдп, Брегот на Слонова коска 7.4, а Шведска 2.2 Германија 1.5, Бурунди 1.6.
Каде квалитетот на живот е подобар, каде нашите одат да живеат, во Бурунди или БСК? Или Германија и Шведска. БДП стана ко сексуален фетиш, минималецот е баба рога за некои.
 
Како може да има повеќе вработени поради минимална плата. Едноставно е споривно на секоја логика. Има повеќе вработени поради раст на БДП. А ако нема минимална плата ќе има поголем раст на БДП и повеќе уште намалена невработеност.
Не е точно тоа. Има повеќе вработени поради раст на партиски вработувања за штабски глувци. 4131 партиски глувци на државна цицка, за ДВА МЕСЕЦИ.

Стаменковска: За два месеци власта распишала огласи за 4.131 вработувања

Дури и албанци се пишуваат, само за да се дограбаат до работно место на државна цицка, па ако треба и по 4ца на еден стол ќе седат. Во Бутел, во 2017, општината имала 47 вработени, во 2019 преку 250.

Најново, Македонски Пошти се правдаат дека имале одлив на кадри, затоа предизборно распишале оглас за 280 вработувања. Сосема спонтано било. :icon_lol:

ПОШТА СЕ ПРАВДА ЗА ФРАПАНТНИТЕ 280 ВРАБОТУВАЊА - имале одлив на кадри
 
90% од БДП можат и две компании да прават, а другото 10% да е останата економија.
БДП да е показател за општата состојба на продуктивност но не кажува за структурата и за животниот стандард на граѓаните.
Еден од најдобрите показатели за тоа како живеат луѓето е Џини коефициентот, и друго најважно за богата држава е разликата меѓу увоз и извоз.
Ако имаме дебел суфицит на извоз, мал Џини коефициент, се друго нека е тапа има БДП-то да скока како ЕКГ на ролеркостер.
Без овие две работи другото ти е живо џабе.
Џини ништо не значи донеси декрет и сите исти примања нека имаат и имаш Џини 1 или 0 колку беше ли макс.
Ај донеси декрет и направи го БДП/капита 150.000 долари. Ни Исус неможе да го зголеми со зборување и носење одлуки БДП. Инаку статистика Македонија е една од земјите кои имаат диспропорционална висока еднаквост за ова БДП.
 
Овие од СДС денес му ракоплескаа на Муковски, оној човек кој ги отвори вратите на собранието и практички дозволи толпата да ги тепа пратениците од СДС :pos:
Образ ѓон
 
Сеа му го гледав говорот.

Господ нека му е напомош после 12 Април
 
Ќе одговарал пред законите :lolzz:
Па уште и жесток бил говорот на куртонов, добар е сега, а кога го изгласаа на последните избори не беше баш добар (и тие фацки што го гласале тогаш исто не се добри). Какви ликови се на видни позиции во општествово, неверојатна работа...
Дефинитивно следи период во кој ќе врие од патетични изливи од сите страни. (y)

Не е точно тоа. Има повеќе вработени поради раст на партиски вработувања за штабски глувци. 4131 партиски глувци на државна цицка, за ДВА МЕСЕЦИ.

Стаменковска: За два месеци власта распишала огласи за 4.131 вработувања

Дури и албанци се пишуваат, само за да се дограбаат до работно место на државна цицка, па ако треба и по 4ца на еден стол ќе седат. Во Бутел, во 2017, општината имала 47 вработени, во 2019 преку 250.

Најново, Македонски Пошти се правдаат дека имале одлив на кадри, затоа предизборно распишале оглас за 280 вработувања. Сосема спонтано било. :icon_lol:

ПОШТА СЕ ПРАВДА ЗА ФРАПАНТНИТЕ 280 ВРАБОТУВАЊА - имале одлив на кадри
за 2018 Антигва и Барбуда имаат над 7% пораст на бдп, Брегот на Слонова коска 7.4, а Шведска 2.2 Германија 1.5, Бурунди 1.6.
Каде квалитетот на живот е подобар, каде нашите одат да живеат, во Бурунди или БСК? Или Германија и Шведска. БДП стана ко сексуален фетиш, минималецот е баба рога за некои.
Ај намали го растот на БДП за да не бидеш Буркина Фасо а да бидеш Германија.
Нема логика ова ако сакаш да бидеш Германија само со раст на БДП можеш нема заобиколен пат!
Или најдобро Венецуела Џини 1 а БДП -10%...Ако ви е до Џинито одетете во Венецуела и Северна Кореја.
Автоматски споено мислење:

Ова беше малце ЛГБТ од твоја страна, а шо убо си раскажуваше со точки подточки, теорија за тоа колку е добро да му се остават фазла пари на богаташите :pos:

Значи во пракса можевме да видиме што ќе направат богатите ако му се остават фазла пари, НИКОЈ НЕ ИНВЕСТИРАШЕ.

Сите гу употребија парите за да си ги откупат акциите назад, за да поделат дивиденда на акционерите и да ги зголемат бонусите за директорите.
Инаку откупување на сопствени акции во пракса е исто со реинвестирање на добивка. Фирмата добива поскап капитал може да се рефинансира. Инаку друга е темата...ептен ќе излеземе надвор.
 
Последно уредено:
Џини ништо не значи донеси декрет и сите исти примања нека имаат и имаш Џини 1 или 0 колку беше ли макс.
Ај донеси декрет и направи го БДП/капита 150.000 долари. Ни Исус неможе да го зголеми со зборување и носење одлуки БДП. Инаку статистика Македонија е една од земјите кои имаат диспропорционална висока еднаквост за ова БДП.
Море чоек, ова намерно го правиш или до толку те интересира БДП, не мислиш дека го претера?
Прво почна со класични инструменти за карактер на вредносен систем како што е распределбата па се префрли на други и се така, за на крајот да завршиш на БДП, а БДП не е секогаш показател за растот на економијата туку може да биде и резултат на шпекулации, како што е случајот во САД каде во финансискиот сектор се креира еден балон кој се прикажува како раст на БДП ама кога ќе пукне на сите ќе им засмрди.
БДП во Кина, Индонезија, Кореа, Германија и САД нема иста структура односно не е реален показател барем не се додека ММФ и СБ се под капата на ФЕД.
Во Венецуела 1лит. бензин е 1 денар, така да не провоцирај, а и Венецуелките се топ риби, плус тука е Никарагва со изобилие на бело... провоцираш знаеш ли?
И ај смени тоа темата, удави.
 
Има повеќе вработени поради раст на БДП. А ако нема минимална плата ќе има поголем раст на БДП и повеќе уште намалена невработеност.

Затоа треба минималецот да го спуштиме на 7000 денари, и како што Грујо го билдаше бдп-то со Скопје 2014 да направиме сега проекти Охрид 2021, Штип 2022

Интересно како ја одбегна репликата што не ти одговараше, што ги поби твоите тврдења дека растот на минималната ќе ја зголемел невработеноста ;)
 
Море чоек, ова намерно го правиш или до толку те интересира БДП, не мислиш дека го претера?
Прво почна со класични инструменти за карактер на вредносен систем како што е распределбата па се префрли на други и се така, за на крајот да завршиш на БДП, а БДП не е секогаш показател за растот на економијата туку може да биде и резултат на шпекулации, како што е случајот во САД каде во финансискиот сектор се креира еден балон кој се прикажува како раст на БДП ама кога ќе пукне на сите ќе им засмрди.
БДП во Кина, Индонезија, Кореа, Германија и САД нема иста структура односно не е реален показател барем не се додека ММФ и СБ се под капата на ФЕД.
Во Венецуела 1лит. бензин е 1 денар, така да не провоцирај, а и Венецуелките се топ риби, плус тука е Никарагва со изобилие на бело... провоцираш знаеш ли?
И ај смени тоа темата, удави.
Обично одговарам ама ова се не видени глупости што ги напиша. Не ни една реченица која е точна и вистина. Стварно или тролаш или си пациент или си од паралелна реалност. Едноставно треба да се вратиш на Земјата...
 
Може ли стручно мислење!
Каков профил би гласал за ваков човек?

(глеам ги има доста и овде и нека се ако ги има тоа е богатство, сепак се прашвам, зарем до таму ја дотеравме работата?)
 
Затоа треба минималецот да го спуштиме на 7000 денари, и како што Грујо го билдаше бдп-то со Скопје 2014 да направиме сега проекти Охрид 2021, Штип 2022

Интересно како ја одбегна репликата што не ти одговараше, што ги поби твоите тврдења дека растот на минималната ќе ја зголемел невработеноста ;)
Минимална плата ја зголемува невработеноста и го забавува растот. Тоа е факт. Е сега БДП во МК расте и поради тоа и државни вработувања има пад на невработеноста. Ама да нема минимална плата никогаш воведено најверојатно невработеноста би била многу пониска а просечната плата повисока. Секој од нас го плаќа данокот на социјализмот и на Сдс и на Вмро
 
Државното вработување го имаше и предходно не е ништо ново, ама и во реален сектор има доста нови зголемени вработувања и со зголемениот минималец

Подобро социјализам на Сдс и Вмро отколку робовладетелство на просечен Македонски газда, ама поминаа веќе тие времиња ќе треба да почне да се крати на скапи недвижнини во странство на скапи возила за синови и ќерки и профитот да се инвестира во нови технологии кои ќе ја зголемат продуктивноста. Велешка конфекција се затвори пред некој месец зошто Германските газди биле на тапет во јавноста таму, оти соработувале со фирми што ги експлоатираат работниците.
 
Јас само кажав што носи раст на плати и БДП но не е единствен фактор. Може минимална плата ама ќе платиме сите или речиси сите на крај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom