Аиииии па и ти отече со тоа “ги смета....“, па се разбира дека ќе има и такви.
(да не си некаде на свирење клавир па само на секои 2 седмици добиваш слободно и тогаш се јавуваш, ова е шега немој сеа да ми се лутиш, еве за да ти олесни напиши некоја навреда на моја сметка)
Луѓето мора да заработат нешто, од што ќе платат сметки. Гледаш дека на форумов врие од демократи, сега се натпреваруваат да покажат кој е поголем демократ, а мене ми замераат кога велам дека не вервам во демократија затоа што со гаранција завршува во тиранија.
Уште пред 27 април, значи пред државниот удар на оние со 2 грама мозок им стана јасна улогата на ДПсНЕ, а другите и по 1000 години нема да разберат, така да не истурај бисери пред свињи, се тоа се факти и сурова вистина. Само не заборавај еден голем дел (па би рекол и 80%) од членството и симпатизерите на ДПсНЕ се тие што бојкотираа и се за Македонија а против Северџистан... ова пак друга страна отвара дилема, дали ДПсНЕ ќе се распаѓа, ако продолжи им ракаводството со ваква политика можно е да се распадне и пред СДСс.
За членството на СДСс мислам дека не постои надеж, тие дефинитивно ја мразат Македонија од дното на душата (како се успеа во тој социјален инжењеринг не знам), таквата омраза ја искажаа во повеќе наврати, на парламентарни кога отворено се говореше што ќе строи Црпе ако го донесат на власт и на референдумот кога со насмевка излегоа на референдум за да не постои Македонија. Оваа појава уште долго ќе се изучува од страна на социолозите во целиот свет пред да се дојде до вистината и причината.
Нема потреба од постоење на партија со име ДП(М)НЕ па уште и ВМРО го вметнале, а која отворено ја растура македонската држава со гласање на сите испорачани законски проекти со кои се реализираше проектот Северџистан.
Ако при промената на Уставот само еден мал дел на ДПсНЕ беше жртвуван да гласа за истите, денес веќе се виде дека оваа партија ДПсНЕ не само што не разбира што е патриотизам туку нема ниту демократски капацитет. Тие, ДПсНЕ, на јасно изразена волја на референдум во однос на влез во ОТАН излегоа сите до еден од пратеничката група и спротивно на волјата на Македонците, значи свесно и смислено, и гласаа во собрание (собрание ли е што ли е веќе не знам), дека се за бришење на Македонија од регистарот во ОН како македонска држава.
Да срамотата биде уште поголема тие тоа го направија за влез во ОТАН (воено-политички сојуз кој се повеќе поприма карактер на насилна организација која по пат на сила и со терористички методи им наметнува решенија на оние кои ќе се дрзнат да пружат отпор), била нивна определба, тоа што граѓаните не ја препознаваат како своја определба не им било важно, тие да ти биле прозападно и ако треба и Македонија ќе ја уништат само да им се исполнат соништата.
Вакви “бројлери“ (што би рекла Велиновска) се произведоа во последниве 3 децении и сега само плодови ќе жнееме.
Само да бидам искрен, сепак очекував дека барем некој ќе напише протестен коментар во поглед на почитувањето на изразената волја на граѓаните на референдумот, дури не мора ни да се сложат со неа ама да покаже некаков демократски капацитет макар и лицемерие, жално во секој случај.