Аliexpress (официјална тема)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Мораш да повлечеш каде што пишува "please slide to verify" кликни на стрелките задржи и повлечи надесно. Одвреме навреме мораш да им докажеш дека не си бот, ова е одлична проверка за сајт каде оставаш сензитивни податоци (платежна картичка, пин код и сл.) Се е во ред.
 
Прегледај го приврзокот 231958

На ФБ групиве што се балкански за IPTV box уреди и за Аndroid Kodi читав коментар дека се стопирани пратки од Кина затоа што и авионите не полетуваат заради вирусов. Колку е точно не знам.
Не праќаат моментално ништо заради вирусот.
 
Ја нарачав пред 3-4 дена, гледам ги пратиле.
 
Праќаат, некои и многу брзо стигаат можно е и залихи(магацини) да имаат во Европа.
 
Дали ви има стигнато некоја пратка деновиве? Имам нарачано на 28 февруари и сеуште не ми е стигната.
 
мене денес ми стигна пратка
 
Ме интересира над која сума се плаќа царина за производ конкретно телефон?
 
Здраво на сите, ме интересира колку време максимум може да закасни порачка од Aliexpress? имам нешто порачано ама ке се направат скоро 3 месеци, ве молам за мислење
 
Со оглед на целиов светски хаос со Ковид 19 ништо не треба да те чуди. Јас чекам 2 пратки за кои поминаа 2 месеци.
За едната рокот ми измина вчера а на другата истекува за ден-два.
Едната на страната од пошта има статус "ставена во вреќа" од март и не е променет а за другата веројатно се уште не е стигната во МК бидејќи на нашата пошта нема никаков статус.

Сакам да кажам, ниту пошта работи (тие и онака не работеа, доцнеа со достава и "губеа" пратки) ниту пак некој ќе ти каже со сигурност како е сега со транспорт на пратките поради светската пандемија.

Така што јас не отворив dispute бидејќи продавачот реално ја има испорачано робата и тапа ми е да му барам поврат на пари, е сега кога ќе пристигне и дали воопшто ќе пристигне тоа некој не може да знае.
Јас на Али не нарачувам пратки кои имаат голема вредност (двете чинеа околу 15 долари) така што и да не стигнат некако ќе ги прежалам парите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom