Фан клуб - РК Вардар

Не треба да се плука , срамота е , 7 сезони , 2 титули , поготово 2рата сите знаеме како ја донесоа
Се бореа , гинеа , од играчи до стручен штаб
Дојде време да се спуштат палките и да се помириме со тоа што го гледаме
И не треба да им се префрла на ниту еден пораз , ниту една утната шанса , неодбранета топка ,едноставно тоа што го донесоа во Скопје и тоа што го направија за Вардар е еднаш во милион години.
И фала им на сите за тоа , таква радост и исполнетост што ни овозможија да доживееме , Скопски Вардар европски шампион , не еднаш туку два пати, фала им само тоа треба да се каже
 
Сите спортски сајтови се тука и читаат. Некои се зачленети, некои не. Ама важно тука се меѓу нас. :D

Па до толку да немаат луѓе, па информации од форум да црпат.
 
Сите спортски сајтови се тука и читаат. Некои се зачленети, некои не. Ама важно тука се меѓу нас. :D

Па до толку да немаат луѓе, па информации од форум да црпат.
од рекла казала.од шпекулации
 
Нема никаква тајна во тоа дека вардаровиот бек Сташ Скубе е пред заминување од европскиот првак Вардар, а ако во декември лани имаше понуда само од Хановер, сега и Магдебург и Мешков Брест се двата нови тима, кои се во трка за неговиот потпис.

Трите клуба ги бараат услугите на Словенецот, но според информациите до кои дојде СПОРТМЕДИА, тој одлучил да му даде уште една шанса на Вардар пред дефинитивно да се реши да замине, со оглед на тоа дека на хартија, тој е играч на „црвено-црниот“ тим до јуни 2021 година.

Ситуацијата во Вардар не е сјајна, самите играчи отворено кажуваат дека клубот им должи на некои повеќе, на некои помалку, а според клупските најави разврска ќе има до крајот на февруари. Доколку се случи некое непосакувано сценарио (налик на она лани) Скубе дефинитивно заминува со услов да му бидат исплатени сите долгови.
 
Само претседателот на РФ ги имат 100 посто инфо дали Скубе останвит или ке ја фатит бежанијата.
 
Вардар ако заврши како 5-и би било добро па и евентуално да игра против Алборг.
 
Вардар ако заврши како 5-и би било добро па и евентуално да игра против Алборг.
На Вардар подобро му е да биде петти отколку четврти!

Причина за тоа е состојбата во другата група, каде што првите три позиции се, речиси, зацементирани за Барселона, Пик Сегед и за ПСЖ (без разлика по кој редослед), а после поголема празнина следува Алборг на четвртата и Фленсбург на петтата позиција. Ако Вардар биде петти во групата Б, ќе вкрсти со четвртиот од групата А, во моментов Алборг. Големи се шансите тоа да остане така, со оглед дека Данците имаат лесен распоред до крајот (Цеље, Загреб, Елверум).

Не дека се слаба екипа, но тие не се актуелниот бундеслигашки шампион Фленсбург. Соочување со нив е попогодно и од долгорочен аспект. Ако Вардар биде петти и се соочи со Алборг, во четвртфиналето ќе оди на првиот од нашата група, а не првиот од групата А, што би било ситуација ако го освои четвртото место. И самиот Стевче Алушовски, неодамна изјави дека подобро е, ако веќе се пласираат во четвртфиналето, да имаат веќе познат, „опипан“ противник, отколку гигант како Барселона и ПСЖ.

За да го освои петтото место, најважна за Вардар е средбата во Порто на 22 февруари. Ако црвено-црните слават таму, не само што би го престигнале португалскиот тим, туку и би го потврдиле триумфот во меѓусебниот дуел со нив, па во случај на ист број бодови ќе имаат предност (победија и во Скопје).
 
Само претседателот на РФ ги имат 100 посто инфо дали Скубе останвит или ке ја фатит бежанијата.
RF?
Автоматски споено мислење:

Џабе све математики, немаме голмани ова сезона за најмала надеж за Ф4.
 
„Сите минуваме низ еден тежок период. Голем дел од ракометарите скоро шест месеци не зеле плата, добиваме само за основни трошоци. Во Скопје би преживеал со 300 евра, но сите си ги сакаме заработените пари. Затоа ракометарите полека си наоѓаат нови клубови. Што се однесува до мене, само чудо може да ме задржи во Вардар и следната година“, изјави Дисингер.
 
Грешката е направена лани, ако не планираа да му помогнат на Самсоненко тоа требаше одма да го кажат. А не вака играчи како Дисингер кои се 80% од времето повредени си земаат право да кажуваат приказни.
 
Ама што се подразбира од тоа да му помогнат? Нели му дадоа 700.000 евра од државата награда за ЛШ. 500 од влада, 100 од градот, 100 од агенцијата за спорт мислам дека беше. Плус му дадоа уште 220-230 илјади евра во даночно олеснување.

Значи некаде милион евра добил од државата годинава. Како да му помогнат на клубот?

Плус ете на дресовите, на сајтот има некои нови спонзори. Што се дешава, кој знае. Дали им се испалтени сите долгови до последниве 6 месеци? Или и други долгови има.
 
Од тоа шо наброја, 0€ севкупно е уплатено на сметката на клубот
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom