Не си баш во право. Од добивката во 2018 год, очекуваната дивиденда “по правило“ се исплаќа во 2019. Стопанска банка исплати авансна дивиденда во декември 2018, од добивката што ја имаше во првите 6 месеци од 2018 год. Таа добивка беше ревидирана и како што јас знам имаше одобрување од НБРМ да се исплати. Така, да тоа што вообичаено го очекувавме во 2019, го добивме дури и порано, во декември 2018. Инаку одлуката да не се даде дивиденда од втората половина на 2018, мислам дека беше правдана со зголемување на капитална адекватност. Тоа се заврши, и сега во 2020, барем моите очекувања се дека дивиденда ќе има. Порастот на цената на акцијата кажува дека и други имаат исти/слични очекувања.