Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство.
„На 11.12.2018 година, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило „Опел Аскона“, носејќи со себе огнено оружје–пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот „Шкода“ со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште.
Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо.
Притоа, обвинетата дала особен придонес кон извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост. Таа го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото лишување од живот, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со ќебе“ се вели во соопштението од обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице. Ваквиот предлог обвинителот го темели особено на опасноста обвинетата да се даде во бегство, соочена со кривична одговорност за тешко кривично дело, како што тоа го направил соизвршителот, кој се уште е недостапен на органите на прогонот. Исто така, постои основан страв дека обвинетата би можела да ја попречува кривичната постапка, да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело.
извор: Makfax
 
Исчезнато e 23 годишно момче на 27 јануари со возило Голф 5 црна боја регистрации ШТ 7384 АБ


83488117_2613943242173093_1243174809198657536_o.jpg
 
Дваесет и осумгодишната Марија Брзакова од струмичко село Босилово исчезна на 18-ти минатиот месец. Исто толку (18) денови минуваат во исчекување на нејзините најблиски и семејството дека таа ќе се врати дома. Младата Брзакова, на 18 јануари (сабота) наутро излегла од својот дом и не се вратила. Каде отишла, засега никој не знае, или пак знае, а на истражителите не им кажува.

 
Ако е вон државата ќе испадне на скенери, одма ќе се провери. Не верувам до тој левел да се неспособни од МВР.
 
Ако е вон државата ќе испадне на скенери, одма ќе се провери. Не верувам до тој левел да се неспособни од МВР.
Им нема папир/пластика за документи. Пред месец дена им снема струја у зграда.
Да. Се неспособни до тој левел.
 
Им нема папир/пластика за документи. Пред месец дена им снема струја у зграда.
Да. Се неспособни до тој левел.
Институции во земји кои беа поназад од нас до пред 15 години почнаа документи по пошта да ти пуштаат, кај нас пластика немале. Ова е се за master reset.
 
како во Швајцарија кога документите и се дома плус родителите кои живеат таму допле у Мк заради нејзе кога дознале дека исчезнала
а од друга страна семејството никаде го нема сега да кажат што се случува


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom