Легалитет или легитимитет, ме сфати што сакам да кажам. Семантика, исто ти е.... да не се фаќаме за ситници.
За референдумот, ите како беше важно да им се затни муцката на муртинци особено што веќе унапред се навиваше атмосфера дека ако мнозинството гласа ЗА тогаш тој е успешен. Не бевме далекувиди т.е. тие ОТАН-ОВЦИ не му дозволина на други овци (читај напред вмро) од нашето ни напатено државиче да излезат и да гласаат против. Доколку имаше голема мкд партија да потегни кампања да се гласа против промена на име верувај ќе беа резултатите подобри во секој поглед. Македончето не знае само да се избори мора некој друг да го предводи.

Секако, тоа не се случи бидејќи имаш лидер на опозиција кој е под капа на западот - како што е и сите други „лидери“ до сега од осамостојувањето па наваму. Резултатот го видовме сите кој е.
А за БГ државјанства... дај сериозно малце, па од осамостојувањето до сега има едно 80.000 издадено што на 2 милиони народ и не е некоја бројка. Џам свиткале бугарите.
Друго, тоа нема врска со отселувањето т.е. јас никаде не го поврзив истото со сдс, не знам зошто тоа го спомнуваш? Народот се отсели од двете партии сдс и вмро (не само сдс) бидејќи се две најголеми македонски партии и од осамостојувањето до денес раководат по принципот на стани курто да седни мурто, истовремено уништувајќи ни ја државата. За мене и двете партии се потполно исти - криминална збирштина на неспособни лидери кои гледаат само за својот џеб. Prove me wrong, please...
Се разбираме дека народот е изреволтиран, но ќутењето и апстиненцијата од избори/референдум нема да придонеси за подобро утре.