Иницијатива за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
6.061
Поени од реакции
18.586
Прво мислам дека темава е поставена на најприкладно место. Друго многу сме другари велосипедисти од тука и трето ми се има десено со пријатели да не можат да добијат дозвола во воз да ги качат велосипедите (нели, бидејќи сме чудесна земја). Така еден наш пријател велосипедист од Велес, Зоран Јаневски, ја подигна оваа прекрасна иницијатива, па ве молам потпишете ја и споделете ја на социјалните мрежи. Се работи за нешто нормално во другите земји, а за нешто ненормално тука.

Потпишано со двете раце!

Уште понелогично ми е што може да се превезува во старите патнички возови (тие со купеата), а во новите не. Во старите возови, едвај го собира точакот само да го искачиш низ вратата.... а од друга страна во новите просторот е многу поголем и влезот е таков што може да собере 2 точкови да внесеш истовремено.

п.с. дали имаш информација колку потписи се соберени до сега? Анкетава е пуштена уште претходниот месец.
 
Разговарав со човекот и пази сега потпишано е од страна на 859 луѓе, а ја виделе цирка 6500. Ти ебам народот ретардиран, а најјако е што некои групи кои се јавно рекламираат не ја подржале оваа акција (не ја објавиле петицијата). Инаку и јас се замарам со петицијата, поради тоа што двајца мои пријатели од Србија кога идоа за Охрид и отидоа до Битола од таму планираа да дојдат во Скопје со воз, ама нашава багра не им дозволи...Страшно е колку сме бедна држава и уште како народ...
 
Абе и мене ми се гади од државата, ама тоа ти е. Во интерес ми е и мене да правам тури низ цела држава. Да бидам поврзан со Велес, Битола, Кочани, Кичево...
 
Потпишано, и препратено во неколку групи :) Со среќа :)
 
Во новиве возови најчесто нема место да стојат луѓето, овие велосипеди ќе пренесуваат :facepalm:

Абе јас обожавам да возам велосипед, ама ова што го предлагате со моменталнава состојба на железницава е надвор од секој разум.
 
Како нема кога на секој влез од вагон има куп место слободно
 
Во новиве возови најчесто нема место да стојат луѓето, овие велосипеди ќе пренесуваат :facepalm:

Абе јас обожавам да возам велосипед, ама ова што го предлагате со моменталнава состојба на железницава е надвор од секој разум.
Па и не е...и така се празни возовите, со добра организација се е можно. И да наплаќаат 100 ден за точак и тоа е некакво решение ама бар ќе покажат напредок во размислувањето.
Може ќе воведат и новина да знаат до каде им се возовите, дека последен пат на железничка кога прашав ми кажаа дека машиновозачот не се јавувал на мобилен... (n)
Еден од подобрите одговори што ги имам слушнато.
Што е најтрагично, железница има сериозна оптичка мрежа, али...
Во секој случај, ја разбирам нервозата на @Sasa Ilic поради индиферентноста на аудиториумот за каква и да е иницијатива. Дајте малце добро воља, со мали работи се почнува глобална промена.
 
Последно уредено:

Хмммм, јас не гледам место да се стави велосипед во воз, освен ако не е склопен. Кај и да го ставите велосипедот во новиве возви ќе блокирате влез, што е и опасно.

Порано пред 20 години, патував секоја недела со воз, кога ќе беше полн возот да неможи игла да фрлиш, уште тие со велосипедите фалеа.

Купи си велосипед на расклопување и носи го во торба. Барем јас така си планирам да си правам, додуша јас во кола ќе го носам :)
 
Јас во стариве имам носено велосипед ама реално едвај го ставив внатре и што се вика “сметав“ мораше цело време да бидам до него и сл, секако го качив со предходно прашување на кондуктерот и частење на пиво. Во новиве не сум сигурен каква е ситуација во поглед на место, ама кој сака ќе најде решение

Пример ова, и така често возовиве се полупразни верувам ќе има место за вакво решение
 
Attachments

  • 1.jpg
    1.jpg
    128,4 KB · Прегледи: 36
  • 2.jpg
    2.jpg
    292,5 KB · Прегледи: 36
  • 3.jpg
    3.jpg
    41,5 KB · Прегледи: 32
Во новиве возови најчесто нема место да стојат луѓето, овие велосипеди ќе пренесуваат :facepalm:

Абе јас обожавам да возам велосипед, ама ова што го предлагате со моменталнава состојба на железницава е надвор од секој разум.
Не знам колку често се возиш, но најверојатно се возиш за време на викенди (во недела) или па петок или четврток кога има студенти и средношколци. Возот во обичните денови или па утринските термини тргнува/стигнува во Скопје секогаш полупразен. За најидеално место за превоз ти е секој вагон што располага со приоритетно седиште (тој за инвалиди и бремени жени), а исто така супер место за складирање без да пречиш на никој ти е просторот позади WC-to. Таму не 1, туку 3 велосипеди можиш да ставиш.
 
како ќе ставиш точак у воз? па луѓе идат навака натака, самото чувство дека сметам некому би ме нервирало а не пак друго
 
Немам ништо против иницијативата, камо да имаше услови ама да влезиш во недела во возот попладневниот за Скопје што оди на пример никогаш нема да ти текне на ова дека може да се оствари.
 
Не знам колку често се возиш, но најверојатно се возиш за време на викенди (во недела) или па петок или четврток кога има студенти и средношколци. Возот во обичните денови или па утринските термини тргнува/стигнува во Скопје секогаш полупразен. За најидеално место за превоз ти е секој вагон што располага со приоритетно седиште (тој за инвалиди и бремени жени), а исто така супер место за складирање без да пречиш на никој ти е просторот позади WC-to. Таму не 1, туку 3 велосипеди можиш да ставиш.
Имало немало гужва тоа се патнички вагони, значи за патници а не за велосипеди. Тие приоритетни седишта се за инвалиди, трудници... а не за велосипеди. Превозот на несоодветни предмети има и безбедносни ризици во случај на судар, излетување на возот од шините.... Не значи дека ако нешто го собира во возот дека и треба и може да се превзезува. Апсолутно подржувам иницијатива да се приспособи посебен вагон кој ке се прикачи на композицијата и ке биде само за велосипеди, си плаќаш карта за велосипедот и го качуваш во тој вагон а ти си одиш и се возиш во патничкиот вагон....
 
Ова го имам јас видено во Германија и воопшто никој не реагирал чудно на сето овој хаос на прв поглед. Секој си влегува нормално и јас имам то точак влезено и платив обична карта без никаква доплата. Само кај нас може и за точакот да бараат пари, а кондуктерот во џеб ќе си ги стави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom