@teknuvalo111 Со оваа клима под 25с зададена на греење не треба ни да се помисли на надворешни температури пониски од 5с. И на најмала брзина тие 40с изгледаат ладни на зададена пониска од 25с, зошто има силен издув на воздух. Кога ја наместив и јас мислев дека се нешто не чини не топли и дека се зафркнав што ја купив, ама излезе дека не е така. Климата има моќ да топли ама температура зададена 22с е жива глупост барем за овој модел.
Тука на форумов сите ми велеа постави на 23с макс и не ја чепкај неколку дена. Абе нѐ неколку дена, туку еден месец да работи така кај мене нема да стопли никогаш, а и башка тоа што мене на собна температура под 24с на 50см од подот ми студи. Минатата зима беше поладна и на надворешна -18с ја пуштав на 28с, климата топли и треба само да и се зголеми темературата. Оваа зима досега немаше потреба од задавање на толку висока температура, цело време работи на 25/26с на ауто дури и навечер, само понекогаш кога ми е жешко или преку ноќ се случува да го уклучам она најтивкото што е со елката.
Имаше и некои видеа поставувани овде на форумов(нема да кажам од кого) мери кај лустерот температурата 21.5с, а од друга страна тој истиот се фали како климата негова многу топлела премногу и многу мали сметки имал. Јас незнам луѓево дали со капи и вентијаги седат по дома и дали сметката ги топли кога ќе видат дека 500 денари заштедиле.
Но муабетов ми беше за батево од Гевгелија што го има проблемов со истава клима. Тоа дека на 24с зададена, жената му рекла дека климата дувала ладно и сега бара чаре и мисли дека тоа е до монтажата само се лажи. И најсоодветно да е наместена климата, на толкав неизолиран простор на таа зададена секогаш ќе се чувствува како да дува ладно. Грее скоро дупло од мене со истата клима. А и навикнат е на топлината од дрвата.
Но друг е проблемот што климата е премногу гласна кога компресорот забрзува при работа. Јас искрено мислам дека или компресорот е лабав или нешто допира на него па се слуша силно брчење кога тој забрзува и вибрациите му се поголеми. Јас на мојава компресорот неможам да го слушнам и кога сум застанат до неа, најмногу се слуша воздухот што го врти вентилаторот. Треба да бара чаре што поскоро за тоа што многу се слуша при работа, а и да се среди сета несоодветна монтажа.
Некои читав му велат со инспекции да пробува ама неверувам дека нешто ќе помогни тоа.
Мој другар купи фрижидер од Горење што брчеше како правосмукалка, секаде пријавуваше и ништо.
Инспекторот кога дојде дома му рече дека фрижидерот функционира и лади тоа било најважно не бил расипан. Го среди од кога си плати мајстор.
Некако освен ако успее лоша реклама да им направи на ИЦС, да го сними звукот на видео со мерач за dB, и да им го објавува цело време на нивната фб страница па така да му пратат посериозни сервисери.