Абе во ред е. Ама тие што ги наброја со 33 години играја и гинеа на терен за разлика од младиве што требаше да ги заменат и лапаат по 10 милиони плата. Разбирам да ти оди тешко и да не си ефикасен ама три паса да неможиш да врзиш? Му бега топката од нозе, се плеткаат ко пијани!
Истото беше и 2 сезони уназад.Арно ама Гризман ги носеше сите на грб. Креираше игра, ствараше шанси, помагаше во одбрана, асистираше, даваше голови. Е сега го нема него. Спореди го тимот со Македонска ракометна репрезентација. Го нема Лазаров нема ништо. Саул, Коке, Хименез, Трипие, Савич, Облак, Мората и ред други играат сериозен фудбал уште од 17-18-та година. Срамота е да играш како со тегови на нозе и да немаш сила против општинска екипа камоли против Леганес и Еибар.