И да е точно тоа што го имаш напишано, зарем веруваш дека има простор и капацитет за неограничен број на луѓе така да поминат и да добија во скратена процедура државјанства и документи?
Мислиш ли дека на секого би му помогнале тие главните апаши во владејачката партија да добие странски пасош? Тоа и ако постои некоја забрзана и скратена постапка тоа ќе биде само за ептен тие кои се роднини, кумови и деловни партнери на апашите во владејачката партија, тоа нема да се однесува на обично членство на партијата, а уште помалку нема да се однесува на обични граѓани.
Си замислувам ситуација обични граѓани уште ако наседнат на твојот пост ќе плаќаат пари на апашите од партија а можат да извисат за странски пасош и да останат без пари.
Тоа сигурно не се работи за неограничена бројка на луѓе и не може да поднесат 10.000 луѓе и широка маса на народ и да добијат, тоа што си го слушнал може да се однесува на бројка до 100-200 луѓе ептен блиски до политичката гарнитура.
Нема Бугарија да ризикува и да добива утре по уши од страна на ЕУ земји членки ради некои си политичари од соседна земја која не е во ЕУ.