Не губете надеж, се што треба е само трпение и ПРАВИЛНО да се едуцирате што конкретно е најпаметно и најпожелно да направите со вашите апликации.
Форумов е непресушен извор на многу добри и проверени (официјални) податоци и тука ќе ги добиете најдобрите совети што можат да се добијат.
Значи верувајте, од искуство зборувам. Не постои универзална формула и правила кои треба да ги пратите и почитувате.
ИНДИВИДУАЛНО е кај секој апликант.
Благодарение пред се на луѓе како
@palekrstic , јас и други лица... овде на темава бесплатно добивате информации кои се од клучна важност за да го извадите максимумот од вашите можности, во зависност со какви документи располагате.
Неколку пати сум кажал, немој да трчате по "посредници" кои освен финансиски интерес немаат никаква друга причина да ви помогнат. Има исклучоци, но редки се.
На скоро секој "посредник" МУ ОДГОВАРА да се пролонгира вашето чекање, да извади уште некој лев/евро екстра од вас, а ние кутри од очај веруваме во све и свашта.
Затоа е тука темава, бидете искрени кога прашувате и давајте детални информации во каква ситуација се наоѓате, за да ви биде помогнато најдобро што се може.
Факт е дека ЕУ секоја година се повеќе и повеќе притиска врз Бугарија да го намали темпото на издавање на пасоши, со оглед на фактот дека не секој кога ќе замине по Европата остава добри впечатоци како "Бугарин".
Во многу земји, Бугарите можеби не толку, но Романците се најголемите криминалци и проблематични граѓани во местата каде што претстојуваат.
Тоа го знае цела ЕУ, и верувале или не но имам впечаток дека овие година/две се последните "вагони" од возот што ќе добие право да побара бугарско државјанство...
Се си има своја граница и црвена линија.
Гледајте да ги средите вашите папки (досиеа) кога аплицирате максимално уредно и да сте подготвени на се зошто на сите ни е јасно дека нашава јадна (Северна) Македонија нема шанси да влезе во ЕУ во следниве 20 години.
Ако не за вас, дајте жртва барем за вашите деца и нивната иднина.
Поздрав и како што кажав, максимална посветеност, едукација, трпение и никако губење надеж!