Едно прашање на кое никој точно ми нема одговорено. Дали е можно лицето да извади бугарско државијанство доколку нема никаков документ за потекло (баба,дедо) итн живееле по селата и не се воделе никако. Истото лице се осеќа како Бугарин но нема никаков документ да го докаже тоа.
Фала на одговорите.
90% од апликантите немаат доказ за потекло или стар документ ,па затоа постои Бугарски културен клуб (2 се такви во МК)кои се овластени од Бугарија да издаваат доказ за потекло врз основа на Македонски изводи или умреници ,со кои се поврзува апликантот се до предокот на кој се повикува.Предокот мора да е роден во период од 1900 до 1918 год во град/село во кој/е во тоа време живеело бугарско население според статистиката на К'нчов(ова можеш да си го провериш во неговата книга ќе ја најдеш на нет,може и јас подоцна да го најдам линкот,или да се јавиш кај Лазар Младенов на 071239202 и он ќе ти каже дали може или неможе за конкретен град или село).Опциите за поврзување со предок мора да бидат по златна линија и тие ти се следни:
Изводи/умреници од -
Тебе-татко-дедо -прадедо
Тебе-татко-дедо-прабаба
Тебе-татко-баба-прадедо
Тебе-татко-баба-прабаба
Тебе-мајка-дедо -прадедо
Тебе-мајка-дедо-прабаба
Тебе-мајка-баба-прадедо
Тебе-мајка-баба-прабаба
Па сега ти почни да истражуваш преку која линија би ти било најдобро,без разлики во презимиња да се поврзеш.
Е сега за понатаму,откако ќе ги извадиш изводите треба да појдеш кај Лазар да ти издаде потврда,и си ја тераш процедурата ,поднесуваш за происход па откако ќе излезе поднесуваш документи во Правосудие и ти спроведуваат интервју,и си чекаш.......