Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Изменава ако не е Холдинг-Озил, Артета не знае кај тера. Озил се влече по терен, ми се повраќа да го гледам. Мартинели и Пепе мораат да останат на терен!
 
И Луиз е тежок морон, слободно требаше да го пушти да шутне, не беше ни сигурен гол, не беше толку чиста позиција.
 
Абе празен гол беше :D

Абрахам веќе одеше во аголот, а Мустафи се враќаше на гол линија, може ќе се извадеше за грешката, ама мораше тогаш и Луиз да се покаже во право светло, малку е една грешка од малоумен дефанзивец, само во Арсенал две се дешават во иста акција за гол.
 
У право си, може ќе се сопнеше Абрахам, може грч ќе го фатеше на левата нога, може ќе згазнеше лошо и ќе го свиткаше зглобот... идиот Луиз што се обиде да го сопре, требаше да го остави...

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Изменава ако не е Холдинг-Озил, Артета не знае кај тера. Озил се влече по терен, ми се повраќа да го гледам. Мартинели и Пепе мораат да останат на терен!
Се влече по терен, ако ако го ставиш Холдинг, кратиш креативност во средината. А баш тоа ни треба сега.
 
Ќе даеше гол сигурно Абрахам, иначе добра измена. Можат ли до нерешено некако?!:unsure:
 
@Гард ако не го глеаше второво, продужи само така [emoji16]
Лоша утакмица, ама бод си е бод [emoji16]

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Воопшто не е лоша утакмица. Бранењето,желбата,фокусот, храброста... Не смее да се лабелира како лоша утакмица. Не памтам кога последен пат сме играле вака со 10 играчи.
 
Изедов гомна у нервоза, ама стварно така делуваше после пеналот. Па со сите играчи полошо игравме отколку после. Храбро издание, машка борба, многу мерачки бод, не ни мења нас многу во борбата за позиции, ама за играчите ќе значи многу.

Џака ќе го пофалам, колку и да не го сакам, солидно изигра како дефанзивец со оглед на околностите, Пепе имаше некои добри моменти, ама Мартинели, тое дете, злато вреди, таков спринт, таков финиш, многу поскапо платени играчи во тимот никогаш нема тоа да го направат.

Лаказет како издржа 90 минути на терен не знам, толку е вон форма, ништо не му оди од рака, среќа се враќа Обамејанг за нередната лигашка утакмица, Лака може да ја погрее клупата малце.

Белерин и Сака :roker:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom