Во времето на СФРЈ подобро се живееше... Мит или вистина?

Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
За тоа дека бил подобар животот во СФРЈ.
Па и сега свршавате на таа музика. Пола свадби се со тие т.н. евергрини.
Најголемиот и најбогат народен опус македонска народна музика е творен во ексју. Македонските народни легенди се од тој период. А народното творештво (па и забавното) е дел од убавината во животот. Па и македонските филмови и театарски претстави. Ти имаш поинакво мислење, противаргумент? Ако воопшто си живеел во тоа ексју, би требало да имаш.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Најголем дел техника маркетиншки го продаваат као нешто подобрување, а во суштина технологија им се нема сменето барем 50 години. Едина разлика е што се жива пластика и побрзо се расипуваат. И додадено едно копче-греен или еко. Пошто со префикс еко, се продава храна и техника као алва.
За колите, барем сме купувале нови коли од салон, кои не коштале како сегашните ѓаолипол за разни маф ламбда и други сензори, чек енџини и други скапи новотарии, стари коли по 10-15 години кои само за проверка на тие електроники ти бараат по 10 евра.
За мобилните, не гледам потреба од 2 камери, не знам каква резолуција и џи 5. Истата работа (треба да) ја вршат како и оние зелени нокии. З сурфање по фб има компјутери, нема потреба од седење со друштво и штракање во мобилен по фејсбуци. За сликање постојат фотоапарати. Затоа и сме имале албуми со стотици слики, спомени од деца, внуци. Сеа ги имаш само на телефон што не го сметам за предност.
Па повеќе сме се дружеле без мобилни, со фиксни со двојник притоа, неголи сега со честитки на фб за родендени, имендени и чек аут кај сум бил на ручек.
Се е тоа до перењето на мозокот на народот и до 50-те тајни на науката на убедувањето!!! Станати сме потрошувачко општество, али сето тоа ни е наметната ствар. Ние имаме развиено синдром, а тоа е потребата од зависност. Значи денеска постојано не убедуваат дека ни треба нешто, што уствари не ни треба.

И со мобилен произведен во периодот 2006 - 2008 ќе направаиш ало, идаш не идаш,? за колку време ќе идаш,?дали можит да ти поминам,? можеш да викнеш такси, брза помош, можеш да видиш колку е сатот истото и со сегашниве телефони тоа можеш да го сториш... Единствено плус е што на денешниве мобилни имаш интернет. Па што потреба кога интернет имаме на десктопот или лаптопот???

Од населба Аеродром до Кисела вода ќе стигнеш и со кола 1985 произведена и со кола 2015 произведена. Е колку ќе стигнеш де побргу минута две...
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Па што потреба кога интернет имаме на десктопот или лаптопот???

Од населба Аеродром до Кисела вода ќе стигнеш и со кола 1985 произведена и со кола 2015 произведена. Е колку ќе стигнеш де побргу минута две...
:pos: :pos: :pos:

Што ќе ти е римоут интернет, имал на фиксно место. Што ќе ти е удобно возило, кога можеш истиот пат да го поминеш со кола во која откако ќе излезеш ќе се осеќаш како да си поминал 5 рунди во ринг. :pos:
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Па и сега свршавате на таа музика. Пола свадби се со тие т.н. евергрини.
Најголемиот и најбогат народен опус македонска народна музика е творен во ексју. Македонските народни легенди се од тој период. А народното творештво (па и забавното) е дел од убавината во животот. Па и македонските филмови и театарски претстави. Ти имаш поинакво мислење, противаргумент? Ако воопшто си живеел во тоа ексју, би требало да имаш.
Каква врска има уметноста? Каква врска има Фреди Меркјури со Југославија?

Ај, ако не да тажиме по времето на Вивалди :pos: :pos: :pos:
 
Член од
11 октомври 2014
Мислења
1.899
Поени од реакции
1.732
Е на моите им имаат земено едно 3 дуќана во центар на Скопје во 1946...сега ќе бев Доналд Трамп од Маџар Маало. Не ограбија проклетите комунисти! Кај се 50 години кирија? Јас со овие 5 прсти се мачев да купувам акции во 2002ра пликови на раце добив од потпишување налози.
Море за вас само Пиноче и да работите по 12 сати на плантажа а не од село со вошки, па и бесплатно школо, стан од мои пари општествен а дремеле по 8 часа во канцеларија во општествена фирма.
1. Назад станот и 50 години кирија со камата
2. Платете за образование
3. Да ги одработите часовите дремење во опшествена фирма
4. Назад пензиите со камата на старите. Кај имале они капитал за пензија. Со чиј имот е направен СфРЈ?
5. Сите фабрики и патишта да ни се вратат...и 50 години камати заостанати за државни обврзници
6. Оштета за нанесена траума и страв
7. Заостанати дивиденди од општествени фирми
Има да плаќате едно 200 години за вашата социјалистка авантура на туѓа сметка!
Три дуќанчиња у краљевина СХС,значи подобро било во времето за краља и отаџбину?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Се е тоа до перењето на мозокот на народот и до 50-те тајни на науката на убедувањето!!! Станати сме потрошувачко општество, али сето тоа ни е наметната ствар. Ние имаме развиено синдром, а тоа е потребата од зависност. Значи денеска постојано не убедуваат дека ни треба нешто, што уствари не ни треба.

И со мобилен произведен во периодот 2006 - 2008 ќе направаиш ало, идаш не идаш,? за колку време ќе идаш,?дали можит да ти поминам,? можеш да викнеш такси, брза помош, можеш да видиш колку е сатот истото и со сегашниве телефони тоа можеш да го сториш... Единствено плус е што на денешниве мобилни имаш интернет. Па што потреба кога интернет имаме на десктопот или лаптопот???

Од населба Аеродром до Кисела вода ќе стигнеш и со кола 1985 произведена и со кола 2015 произведена. Е колку ќе стигнеш де побргу минута две...
Е ќе стигнеш ама ќе немаш статус меѓу другарите и роднините, види го овој вози кола од икс илјади евра. Битна е форма, не содржина. И тредичи носеше витон и миљонски марки...ќе се задужат по банки и лихвари само да се покаже статус.
Каква врска има уметноста? Каква врска има Фреди Меркјури со Југославија?

Ај, ако не да тажиме по времето на Вивалди :pos: :pos: :pos:
Вивалди не гостувал во ексју. У ствари не знам, можеби. Ако знаеш, кажи. Си слушнал за Игор Стравински?
Ако не си знаел, најголем дел од најславните светски солисти и бендови (повоени до 1991) гостувале во бивша Југославија. Па и Фреди Меркјури со Квин. Луис Армстронг, Биби Кинг, Боб Дилан, Иги Поп, Џудас Прајст, Џипси Кингс, Рамонес, Дизи Гилеспи, Стренглерс, Ник Кејв, Алис Купер, Моторхед, Танита Тикарам, Клајдерман, Блек Сабат, Нина Симон, Тина Тарнер, Јуби Форти, Кјур, Ајрон Мејден, Дајр Стрејтс, Ричи Повери, Јураја Хип, Тото Кутуњо, Џо КОкер, Ерик Клептон, Френк Запа, Ролинг Стонс...ај да не ги набројувам, скоро секој месец светски ѕвезди.
За кои ти веројатно не си ни слушнал, а сега сигурно слушаш некоја нивна музика-ремикс верзија.
 
Жими се, Пикац не ти е рамен.

Каква врска има целиот муабет околу музикава со темата?

За кои ти веројатно не си ни слушнал, а сега сигурно слушаш некоја нивна музика-ремикс верзија.
:facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Жими се, Пикац не ти е рамен.

Каква врска има целиот муабет околу музикава со темата?

:facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm: :facepalm:
Па гледај го животот од секој аспект. Што има врска најнова тесла со стоеден, што има врска мобилен, што има врска, ова, што има врска она...никаков против аргумент. Или најинтересен дел ти е удба, усташи и партизани?
И ако те боли глава, гледам цело време се држиш за глава, земи си кафетинче.
Додуша, којзнае дал моеш да го гледаш од секој аспект, којзнае дал си бил роден ти во ексју и колку годинки си имал. Научил чоекот пикац, уау, ај да паднеме у несвест.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.138
Поени од реакции
25.568
Па гледај го животот од секој аспект. Што има врска најнова тесла со стоеден, што има врска мобилен, што има врска, ова, што има врска она...Или најинтересен дел ти е удба, усташи и партизани? И ако те боли глава, гледам цело време се држиш за глава, земи си кафетинче.
Додуша, којзнае дал моеш да го гледаш од секој аспект, којзнае дал си бил роден ти во ексју и колку годинки си имал.
Прво, компаративна анализа на различни периоди не може да се прави. Не без историска дистанца, апсолутни и релативни (споредено со останатите држави во истиот период) бројки што ќе ги исклучат субјективните чувства. Иако, многу веројатно дека после таква дистанца СФРЈ ќе ја победи РСМ во скоро секоја, ако не и во секоја категорија.

Второ, живеењето во едниот или другиот, па и во двата системи, не те прави квалификуван за да направиш компарација, туку напротив, те дисквалификува. Ако сакаме истата да е објективна и издржана. Така да, за 50те години СФРЈ и 50те години (ако бидат) Македонија/РСМ ќе може да дадат некои наши деца или внуци. За лична, апсолутно може секој.

Ама најбитниот дел од муабетот е друг. Еве, во СФРЈ било подобро. Според мислење на 99.999% од луѓето што живееле во двата системи, и сигурно 75+% од луѓето што живееле само во вториот. И што од тоа? Треба да се оди секој ден и да се кука на гробот на Југославија?

Тоа што на темава е смешно или тажно, зависи од која перспектива гледаш е “аргументирањето“ зошто во СФРЈ било подобро. Телевизорите траеле 30 години. Јак аргумент, си ебало мајката. :D Јас би се кладел дека СФРЈ да беше сеуште жива и во истата економска кондиција како 70тите и почеток на 80ти, денес секој на овие простори ќе мењаше телевизор на секои 3 години и ќе сакаше да си купи нова кола, а немаше да кука за 3 децении стари кутии.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Па гледај го животот од секој аспект. Што има врска најнова тесла со стоеден, што има врска, ова, што има врска она...Или најинтересен дел ти е удба, усташи и партизани? И ако те боли глава, гледам цело време се држиш за глава, земи си кафетинче.
Додуша, којзнае дал моеш да го гледаш од секој аспект, којзнае дал си бил роден ти во ексју и колку годинки си имал.
О Боже Господе. Стрикото со Краснојарск, ти со вакви глупости, алал да ви е.

Ај, еве ќе пробам да погодам што сакаше да кажеш со сите овие претходни постови.

1. Светски познати музичари доаѓале да свират во Југославија, а сега повеќе не доаѓаат?
-Потполно погрешно. Фестивалите низ цела екс-Ју рокаат, а за поединечни концерти да не ни правиме муабет.

2. Странските бендови кои ги наброја креирале подобра музика од денешните странски бендови?
-Нема никаква врска со Југославија. Тоа што ти си носталгичен и не знаеш да си најдеш добра современа музика е лично твој проблем, а тоа што постои нешто што се нарекува „музички класик“ е исто така потполно неповрзано со Југославија.

3. Целата музика денеска е отидена у курац, порано имаше добра музика, а сега само технарици и голи женски по спотовите?
-Исто така погрешно и исто така неповрзано со Југославија. Истово би го изјавил и некој стрико во 1968 само што тој би кукал против рокенролот, а би жалел за шлагерите. Ако се вратиме уште поназад исто би ги снашло и шлагерите и џезот кога некој кукал за „класичната“ музика. И повторно, денеска има одлична современа музика, која не може да се носи со класиците бидејќи е современа, а не класика (дефиниција кога современа преоѓа во класика и дали имаме инстант класици е сосема друг муабет кој не е за овде). Тоа што ти не сакаш/не можеш да ја најдеш не е проблем на капитализмот.

Ако сум горе-долу точен со одгатнувањето на твоите тези, доаѓаме до заклучокот дека:
-Или си премногу носталгичен и заглавен во некое историско време каде се ти било познато и комфорно, па доаѓаш на темава да си се олесниш;
-Или си искомплексиран од својата старост и не сакаш да прифатиш дека светот се менува и оди напред без да те почека тебе да се прилагодиш (нешто слично на стрикото кој не може да конципира зошто на некому би му бил потребен мобилен интернет), па доаѓаш на темава за да си го оправдаш комплексот и наполниш егото.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.378
Поени од реакции
5.840
Па гледај го животот од секој аспект. Што има врска најнова тесла со стоеден, што има врска мобилен, што има врска, ова, што има врска она...никаков против аргумент. Или најинтересен дел ти е удба, усташи и партизани?
И ако те боли глава, гледам цело време се држиш за глава, земи си кафетинче.
Додуша, којзнае дал моеш да го гледаш од секој аспект, којзнае дал си бил роден ти во ексју и колку годинки си имал. Научил чоекот пикац, уау, ај да паднеме у несвест.
Кафeтинот е екс-ју направија, нема да му помине глава од него :)

Прво, компаративна анализа на различни периоди не може да се прави. Не без историска дистанца, апсолутни и релативни (споредено со останатите држави во истиот период) бројки што ќе ги исклучат субјективните чувства. Иако, многу веројатно дека после таква дистанца СФРЈ ќе ја победи РСМ во скоро секоја, ако не и во секоја категорија.

Второ, живеењето во едниот или другиот, па и во двата системи, не те прави квалификуван за да направиш компарација, туку напротив, те дисквалификува. Ако сакаме истата да е објективна и издржана. Така да, за 50те години СФРЈ и 50те години (ако бидат) Македонија/РСМ ќе може да дадат некои наши деца или внуци. За лична, апсолутно може секој.

Ама најбитниот дел од муабетот е друг. Еве, во СФРЈ било подобро. Според мислење на 99.999% од луѓето што живееле во двата системи, и сигурно 75+% од луѓето што живееле само во вториот. И што од тоа? Треба да се оди секој ден и да се кука на гробот на Југославија?

Тоа што на темава е смешно или тажно, зависи од која перспектива гледаш е “аргументирањето“ зошто во СФРЈ било подобро. Телевизорите траеле 30 години. Јак аргумент, си ебало мајката. :D Јас би се кладел дека СФРЈ да беше сеуште жива и во истата економска кондиција како 70тите и почеток на 80ти, денес секој на овие простори ќе мењаше телевизор на секои 3 години и ќе сакаше да си купи нова кола, а немаше да кука за 3 децении стари кутии.
Трагедијата е што втората Југославија постоела 47 години 1943-91 а РСМ еве 28,5 години, повеќе од пола од времето од кое постоела СФРЈ е веќе поминато во независност а тоа време, за разлика од 1943 во 1991 беше изградено и средено све. И наместо прогрес, шипак.
На луѓето им фали чувство на припадност кон нешто сериозно кое има значење, Југословенството како емоционална нишка (Германство и Италијанство се успешни проекти на иста основа) незамарање, сигурност и чувство на супериорност према грци, бугари, албанци и слични кои не можеле да писнат ради таа СФРЈ, сето тоа нагло го снема и на место на тоа чувство дојде филингот на инфериорност кога грци диригираат со надворешна политика, бугари со морков во вид на пасоши за работа надвор и албанци кои аздисуваат секој ден и сосема нормално да се јавува и наголемува носталгија поради тоталната небитност, немоќ, импотентност на РСМ или било која од 7-те земји кои постојат сега на таа територија.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
Добро сега југото е произведено многу одамна, за жал не дочекавме да има понови модели кои би можеле да ги споредуваме со цена/квалитет на сегашниве. Ама еве и кај Американците се бунеа за слична работава, старите трактори можеа и самите земјоделци да ги поправат - извади дел од стар стави на нов и терај не чекаш на сервиси ни ништо што е особено важно во таквите работи. А новиве работи навидум ни нудат поголем комодитет ама затоа стануваме еден вид робови на истите компании што ни ги продаваат производите, пример за шпорет што спомнавме погоре не гледам нешто огромна разлика што стариов мој Слобода со новите во поглед на функционалност и технологија па затоа и не гледам причина зошто би го менувал по секоја цена да бидам „модерен“ во тек со времето.
Не мора со сегашниве. Спореди ги со тогашните модели. Петтата светска сила не можела да произведе добар автомобил?

Со мобилниве телефони компаниите уште појако не заебаваат, извади нов модел со минимална разлика.. заеби софтвери надоградби на старите и терај ги луѓето секоја година-две да купуваат нов телефон
Никој никого не тера да купи нешто. Телефон од 3 000 ти ги брка истите работи како телефон од 40 000. Тоа што луѓето се дебили е не е туѓа вина, туку нивна сопствена и на нивната фамилија.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.290
Поени од реакции
7.239
Тогашната технологија е многу многу поквалитетна од денешнава.

Ај направи споредба помеѓу Горење фрижидер од 80-тите и горење фрижидер од сегашниве..

Фрижидерот горење што сеуште го користам е три години постар од мене од 1982 година ниту еден ден не е поправан имаме сменато само 5-6 сијалички.

Болјерите од Раде Кончар и во купатило и во кујна ми се од 1984 досега никаков дефект...

Телевизорот од ЕИ Ниш ни траеше 23 години...

Дури и најквалитетните денешни производи од Бела Техника го немаат квалитетот како Југословенскиот...

Ево земи ти годинава било што од најскапата бела техника ќе ти трае ли до 2035 година а???
Гледај си ти телевизија на нишки телевизор (кој е купен за 3 месечни плати од тоа време) и пери се со горење машина која лапа тродупло струја, вода, (платена исто колку 4 месечни плати)
Автоматски споено мислење:

Раскажувај ми приказни, посебно за болдираното! Пола Македонија се исели, ти овде гачки кажуваш! Така е кога свој леб јадеш а туѓо гајле береш! Ама не си ти крив......
Што чекаш ако е толку лесно?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.620
Поени од реакции
34.863
Нема логика се жалиш кога се работите подобри и има прогрес а не се жалиш кога биле полоши. Ни српско ни турско ни бугарско не било подобро од денес само нема дебата за тоа. Има за југословенско и македонско. Сега сум пишал слободно отвори бизнис свој или купи удели во заеднички или слично и пари ќе направиш. Сигурно не од штедење во банка. Има сега многу можности и за пари и за одмор и за забава и за лекување и за патување и за техника и за домување и за што ли не што ги немало порано.
Јас сум поприлично сигурен дека во некое идно време да го наречам „европско“ како пример ќе зборуваат колку не го бивало македонско. Има прогрес и ќе има. Како што било овде подобро во српско од турско, во југословенско од српско, во македонско од југословенско така ќе биде подобро во европско од македонско.
Дури и тоа што луѓе лажат или нерално зборуваат за денес е знак дека сега е послободно време од југословенско. Зборувај тогаш како Српско било убаво, Кралот паметен и демократски и имало што ти ја знам што подобро...тину нину и ќотек.
Ако ти оставиле азно тие пред тебе лесно е и да отвориш бизнис, а и акции да купиш, ела почни од нула и после ќе правиме муабет колку е лесно за живеачка.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.633
Поени од реакции
4.934
Не ми е од ЕИ НИШ компјутерот...

А тебе денешниве бели техники, компјутери, мобилни, што ги имаш по дома да не ти се автентичен производ од било која ЈУ - Република после осамостојувањето од шесте држави???

Или превозното средство што го користиш (кола, комбе, камион, багер) да не ти е автентичен производ од било која ЈУ - Република од шесте држави???
Се ми е од Југоекспорт...со гратис слика од Маршалот.
Автоматски споено мислење:

Ако ти оставиле азно тие пред тебе лесно е и да отвориш бизнис, а и акции да купиш, ела почни од нула и после ќе правиме муабет колку е лесно за живеачка.
Не е лесно, но е можно за време на Маршалот беше невозможно.
Автоматски споено мислење:

Три дуќанчиња у краљевина СХС,значи подобро било во времето за краља и отаџбину?
Па си можел да имаш фабрика, пари, голем бизнис итн...од тој аспект подобро.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom