Правна помош и совети

Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Да ве прашам нешто. На нотар сега ми бараат 10600 за хипотекарниот договор што е за станот, за да земеме кредит нели.
Е сега од банката си однеле документи кај нотар што нив им одговара(што соработуваат имаат печати од нив и слично).
Ме интересира дали банката го има тоа право да бира нотар место мене кога јас ги плаќам тие трошоци?
И втора работа што ме интересира е , јас знам од претходно од муабети со пријатели дека некои нотари давале одреден попуст на оваа цена , на пример докај 9000ден овие ги прашав викаат неможеме да ти спуштиме. Инаку станот е со вредност од 78000евра. Се работи за нов стан од инверситор
Можеш да предложиш твој нотар и твој адвокат да го завери договорот односно преддоговорот.
Цената за нотарска заверка (солемнизација) изнесува 5000 ден., и адвокатска заверка изнесува исто 5000 ден., за упис во Катастар таксата изнесува 600 ден., ако ви барале вкупно 10600 ден., тогаш е во ред, ако нотарот ви бара само за солемнизација 10600 ден. тогаш ви бара неосновано, и не ја плаќајте таа сума.
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Дечки ако може прашање до некој што се разбира.
Сакаме да ја продадаме куќата која ми е наследена.

Имам 2 прашања:
1.Што треба да му обезбедам на потенцијалниот купец освен имотен лист. Дали покрај имотниот треба и поседовен лист и која е всушност разликата помеѓу нив?

2. Како можам да дознаам колку ката може да се гради на земјиштето? Важна е висината или катовите?Веројатно тоа е маркица за градба. Ако е тоа каде можам да ја добијам таа информација. Дали има на екатастар онлајн апликацијата такво инфо или во општина некаде?
 
G

Gjoksi

Гостин

1. Имотниот лист е јавна исправа со која се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон. Имотниот лист содржи податоци за: катастарските парцели, зградите и посебните делови од зградите и други објекти, носителите на правата на недвижностите, правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон, правната основа на запишување, висината на побарувањето што се обезбедува со заложното право, предбележувања и прибележувања. Во поседовниот лист се евидентираат податоци за земјиштето, односно за катастарските парцели и нивните корисници во согласност со Законот за премер и катастар на земјиште, и тој не е доказ за запишаното право на сопственост.
Потребен ти е САМО Имотен лист.

2. Сега за сега, таа информација можиш да ја добиеш само во ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА УРБАНИЗАМ во Општината, односно општинската администрација каде што се наоѓа земјиштето. Катноста, односно висината на објектот за градба е превидена во ДУП-от за тој дел каде што се наоѓа земјиштето и над таа предвидена висина НЕ може да се гради.
 
Член од
20 ноември 2019
Мислења
7
Поени од реакции
9
Здраво, сакам да пренаменам стан од станбен во деловен простор. Бев во општината за да ми ги посочат потребните документи. Ми побараа и Согласност на мнозинството сопственици на становите во влезот на зградата заверена на нотар. Прашањето ми е: дали може јас овие потписи да ги соберам од врата на врата од станарите и сам да отидам на нотар за да ми ја завери согласноста? Затоа што илузорно е дека ќе натерам 20 станари во зграда од 40 станови лично да отидат кај нотар со цел да бидат заверени нивните потписи за мојата пренамена...
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819

Мислам дека тоа е изјава за согласност, не само потпис. И изјава кога се дава при заверката се бара лично присуство на нотар. Е сега можи ваљда на една изјава да се потпишат сите, ама во секој случај ќе ти требаат сите 20 станари на нотар.
п.с Мислам дека треба да си носат и имотен лист дека се сопственици на станот.
 
Ондак ништо од бизнисот. Луѓево во денешно време си имаат свои проблеми и не верувам дека некој би губел време на нотар за да ми удоволи на мене а притоа нема никаква корист од тоа. Мене ми остана во сеќавање дека кога купувавме гаража во зграда во која немаме стан, сопственикот на истата се појави со изјава за согласност потпишана од сите станари дека не сакаат да ја купат. Нотарот ја прифати како важечка иако станарите не беа присутни. Се наметнува прашањето дали управителот на станбената зграда може да се јави како валиден претставник на станарите и само него да го однесам на нотар?
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923

Мислам дека имаш опција со нотар да одиш од врата на врата. Ќе треба да се договориш со нотарот.

Sent from my SM-N950F using Tapatalk
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
ако некој може да ми каже дали на лице со заснован работен однос на 15.02.2019 и престанок на работниот однос на 15.11.2019 год. му следува паричен надоместок според следново

"Право на паричен надоместок има невработено лице што било во работен однос најмалку 9 месеци непрекинато, или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци, пред престанокот на работниот однос"

од аврм му стигна решение дека нема 9 мес. работено. а според М1-М2 датумите за пријава одјава се погоре споменатите и излегува дека се 9мес.
 
Член од
10 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
48
Ve molam za odgovor,
Mi stignaa 35$ preku payoneer, dali treba da gi odanocam? Samo tie pari mi se...
Gi podignav od banka, gledam na sajtot za ujp, neznam vo koi spagjam od tie po 10% danok, koga da prijavam ili se presmetuva godishen danok?

Sakam da probam freelance nesto ama ne gi znam zakonive... ako ima nekoj iskustvo neka pishe,

Pozdrav
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
За првпат се случи промоција од Dominos да ми стигне на SMS. Гледам и на другар исто му стигнало.
Смеат?
Сум ги користел секако, имаат мој број, ама првпат вака промоција по SMS а мислам дека се немам согласено за вакво нешто.
 
Не смеат, приватен тел. број се смета како личен податок, и без твоја дозвола не смеат да го користат директно или индиректно за промотивни цели, инаку вршат вознемирување.
Ова се однесува и за оние агенции за наплата.
Пробај сам прво да го решиш ова, ако продолжат и понатаму да ти испраќаат пиши ми во приватна порака ќе ви објаснам подетално.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Мислам дека ова го влечат од базата на корисници што ја користат апликацијата, исто и мене ми стигна за промоцијата на телефон, али не се сеќавам што се сум кликнал кога требало да го креирам акаунтот. Во глобала никој не читаме на што удираме Agree при креирање на акаунт.
Инаку ми се има случувано кога ќе се јавувам да правам нарачка да не ме прашаат воопшто за име, а кога одам да ја подигнам нарачката да има лепенка со моето име на паковањето.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
1.333
Поени од реакции
504
Здраво. Може ли некој да ме упати каде да се обратам која постапка и слично за да ги тужам тутунска за претрпен стрес и животна опасност затоа што бев жртва за време на грабежот вчера во населба хром?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Здраво. Може ли некој да ме упати каде да се обратам која постапка и слично за да ги тужам тутунска за претрпен стрес и животна опасност затоа што бев жртва за време на грабежот вчера во населба хром?
Е тоа ме интересираше, што направи обезбедувањето ова кога се деси? Можеш ли да раскажеш повеќе?
Мислам, ако не ти е тешко да се присетиш сепак ова е ненормален стрес и животна опасност само ако не ти пречи на психата де те молам сподели шо било како било. Колку беа, со калашникови ли беа итн итн.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Е тоа ме интересираше, што направи обезбедувањето ова кога се деси? Можеш ли да раскажеш повеќе?
Мислам, ако не ти е тешко да се присетиш сепак ова е ненормален стрес и животна опасност само ако не ти пречи на психата де те молам сподели шо било како било. Колку беа, со калашникови ли беа итн итн.
Не го дупчи чоекот :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom