Björn
Does Your Mother Know?
- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 43.297
- Поени од реакции
- 78.968
Абе ти можеш да пишеш било што и да кажеш - не е тоа навреда, критика е. Проблемот не лежи во тоа, проблемот лежи во твојата необјективност и двојни аршини, како модератор секако (што е општопознато и за што и не би сега да се повторувам), но и како атеист критичар на религијата. Во ова последново, друштво ти прават и многу други атеисти, кои еве како тебе сметаат дека е христијанството назадно во ова време (или што и да попрецизно велите за него), па си дозволуваат со сиот свој прогресивен став и ум, да го навредуваат, посебно на големи христијански празници.Wooow. Интересантно, верска навреда во секуларна држава. Пуста желба, да можете во теократија да живеете па на клада да не ставите. Не бива таа работа, умреа тие времиња.
Се е подложно на критика. Зошто религијата би била исклучок. Имам право да критикувам. Критиката не е навреда. Јас никого лично не навредив. Ако некој се навредил што имам такво мислење за негова религија, негов проблем.
Тоа е мој став кон твојата религија, жалам. Ако не ти одговара не читај. Ама затоа другар ти може да каже дека сите криминалци биле атеисти и дека од атеисти светов само што не се распаднал. Е па јбг друже, тоа ти е. Демократија, ти се допаѓало тоа или не. А дали било на ваков или онаков ден, потполно сеедно. Ден како и секој друг.
На политичкана тема очи ќе си извадите со лични навреди по сите можни основи. Таму не ви важат правилата нели?
Јас само се прашувам, кога христијанството, што и да прави денес, ви е толку назадно, затапувачко или како и да велите, за вака да го навредувате, тогаш кој знае со тој прогресивен мајндсет колку би го навредувале Исламот на нивните празници, со сето она што тој го прави денес, низ светов и кај нас.
Јас лично и не сакам да го навредувате Исламот. Ако имам јас критики кон муслиманите - ги кажувам (тоа е барем познато тука), само велам дека имате двојни аршини околу критиките (заебанциите, навредите...) кон религиите, бидејќи причините поради кои го навредувате христијанството, ако ви се раска во слободарското око, тогаш кој знае колкава греда се причините поради кои би го критикувале Исламот. Ако ти за христијанството го велиш на Божиќ ова, со оглед на тоа што христијанството прави денес, тогаш кој знае, со оглед на на што Исламот го прави денес, што би рекол за Исламот, на Рамазан или Бајрам. А?
Џон Клиз го почитувам, тој барем си ги призна личните двојни аршини, во интервју, кога го прашаа што е со критиките кон Исламот. Рече - за хумор не вреди да ризикуваш живот.