- Член од
- 14 април 2012
- Мислења
- 32.893
- Поени од реакции
- 67.545
Јас ја имав среќата тоа време да живеам во селце кое беше граница од каде што почнуваше војната во Липковскиот регион. Онаа пруга што иде од Куманово за Табановце беше граница. Во селото имаше комбинирано Полиција, на пунктови, и артилерија воена на Аџитепе.Тоа не е крадење,туку воен плен.Има разлика.Кога се напаѓа некое село се собира се што може да се продаде и да се заработи некоја пара за по квалитетна опрема и храна за војниците.Аркановите тигри во војната кога чистеле некое село собирале се на крајот од оружје до злато,затоа имале и најдобра опрема и храна.А далеку од тоа дека некој го продавал за себе да заработува,тоа се само филмови за мали деца.
Одговорно ти тврдам дека се што се украде, си отиде кај оној што си го зеде. Никакво унапредување на оружје, никакви пички материни. Опае го гледав како го крадат по познат рецепт. Се изнасаше со тракторски приколки украденото, се крадеа крави, коњи, телевизори, теписи. Се што можеше да се земе. И тука крадеа од полицијата најмногу, секоја чест на исклучоци. На комшија мој кој има преку 80 дела за кражба му понудија затвор или лавови, и отиде со единицата.