Звучи досадно да повторувам иста работа безброј пати ....
Тогаш ЗОШТО ја повторуваш? Која ти е целта?
Се шушкаше дека Љубе Бошковски тогашен Мин. За Внатрешни, ги создал Лавовите апсолутно однапред испланирано за да има процент од грабежите што ќе се извршуваат на терен по завземањето на селата од безбедносните сили (Од сигурни извори знам за луѓе од лавовите небитни за именување кои тргуваа со бела техника) Има логика шпекулацијата зошто Командантот на Лавовите, Горан Мујо бил член на истата партија која била на власт за време на војната, ...
Ај да тргнеме прво од глупоста дека некој создал единица за да кради бела техника. Чекај, да прочитам уште еднаш, ДА така имаш напишано.
Значи, соред тебе, министер во владата на Р.М. во време на војна создал екипа од бараби за да крадат бела техника по завојувани села, така?
Следно, Горан Мујо бил член на одредена партија која била на власт за време на војната... - а чекај, не смее да е член?
Што очекуваше ти? Во време на завојуваност и во време кога се пукаше да им кажеа на овие еј дечки фала ви ама седете си дома зошто членувате во вмро.
Така впрочем и седеа голем дел од децата на политичарите (оние кои не му ја тркнаа странство), така седеа многу голем дел од патриотите и вмроните на хартија, така седеше цело СДСМ и сличните ѓубриња.
Кога сме кај нив (сдсм), освен што го променаа името на државата, ти имаш видено некои лица поврзани со нивната партија да се истакнати во војувањето во 2001? Да се знае дека ја бранеа татковината?
Впрочем, под која јорган планина беше ти во 2001?
Размисли што напиша и искоментира.
Лично против тебе немам ништо, но постираното ти е за осуда.
Додека 2001 некој лежеше дома и од комоцијата на својот дом беше сведок што се случува „таму некаде“ во тетовско, кумановско и слично... другите беа на терен и замисли војуваа. Со вистински куршуми, не со бела техника.
Мујо и било кој друг што беше во војната треба да биди почитуван за тој дел.
НЕ МЕ ИНТЕРЕСИРА кој е неговиот бекграунд, дали бил од оваа или онаа страна на законот, единствено нешто што знам е дека кога во 3 сабајле тропаа на порти 2001 многу „херои“ се криеа под суќните од нивните мајки, сести, баби... додека ваквите како Мујо и сите останати лееа крв по планините.
Во држава во која се' e отидено во курац, во војна која ни беше наместена и за која љупчо кладе големи пари (со сите замешани околу него), во време во кое ни сменаа после тоа и устав и не понижија, истите тие терористи ги насадија во влада, за на крај да дојдеме сега и до тоа да ни пороменат име, на форум и во тема во која се величаат криминалци ТИ се дрзнуваш да кажиш како некој шо ја бранел татковината го правел тоа за да шверца министерот тогашен бела техника. Дај жити се.
Океј е, без разлика кои се твоите причини да го верглаш ова одново и одново, би било убаво да останиш неутрален во темата (како што беше и до сега) и да не ги оцрнуваш луѓето кои се бореле за јас и ти да имаме денес држава - барем што остана од неа.
Инаку, за твое инфо (иако и сам знаеш многу добро), единицата Лавови беше формирана бидејќи во тоа време немаше доволно единици кои на територијата на Р.М. можат да се справат со нападите. Војската има свој удел во војната, но бидејќи странскиот фактор не дозволуваше прогласување на воена состојба мораше да се направи посебна единица за да се одговори на потребите на теренот на кој се војуваше.
Сите од нив беа доброволци. Дел од нив загинаа.
Според мене треба да им бидиме благодарни што во такви времиња се одлучија да ја бранат татковината, а не да ги рамниме со ситни криминалци на бела техника.
п.с. уште од Илинденско, па и пред тоа, државичето ни страда од предавници. Да не плукаме по „нашите“, да не си ги вадиме очите еден со друг и да не го рушиме и она малку достоинство кое ни го оставија политичарите откако ни ебаа матер по сите основи.