Не знам зошто би се кочеле од Лазаров. Човекот е наш најспортист! Мотивиран, кој работи на себе постојано и ренира и учи од било кој тренер, сака предизвици, и има храброст да шутира и ти разигрува цел тим. Па двајца да се погодеа како него, ехеее.. Серафимов сеуште сметам дека доста потсеќа во играта како него и би го заменил на таа позиција добро, само што е некако мрзлив и не се труди доволно.
На другите треба да им е чест да играат покрај Кире и да се усовршуваат покрај него, не да се гушат. Кузмановски се надевам ќе влезе во некој подобар ритам колку толку, затоа што се гледа дека не е во форма. Врв му беше што му изнададе голови на Металург и на Радовиш со Еурофарм, ама ни во квалификации го имаше негде, ни сега. Ај денес нека му тргне против Австрија.