За КББ ти треба подетална анализа неверувам дека некој тука ја анализирал, а дека ти е касно касно е. Држи се до МСЕ, кај што повеќе го разбираш пазарот и развојот е повидлив...
Али ти си знаеш
Баш така. Имаше ликови кои купуваа ОХБ на 6700, па кај се сега? Муабетот ми е, ако немаш инсајд инфо на колку ќе помине трансакцијата, може не само да не заработиш туку и да изгориш, пошто пазарот веројатно ќе ја прецени акцијата. Моментално банките во Европа се на многу ниски гранки и тешко е да се очекува добра цена.
Што не значи дека некој нема да плати 10К за КМБ. Не знам која му е математиката на Чифлиганец, ама ако мисли да обезбеди 51% ќе му требаат уште многу десетици милиони. За тие пари можеше да си купи неколку од помаливе банки ама 100%.
Интересна ми е ситуацијата визави странските инвеститори. Пред само 2 години ЕБОР искочи на 2,5К, а Ист Капитал на 3,7К, и тоа со судни маки. За сега откако стекот на странски инвести падна под 5%, банката да се трејда на 7,5К као од шала. Одеднаш банката која скурца 150М евра на нефункционални кредити во рок од 3-4 години работи перфектно!
Која е пораката кон странските инвести? Не верувам дека во догледно време некој ќе стави евро во овие наши ткн. блу чипови!