Малку математика да знаеа, ќе знаеа колку беше важно да дадеме гол во последниот напад, за да бркаме помала победа со Австрија.
Зема Тале шутна од 10 метра на 8 секунди до крај.
Неисе...
Убеден бев дека ќе тепаме денес, некако овие дуели во кои ни зависи пласманот секогаш ги играме најдобро, знаеме да изненадиме. Слични сме по квалитет, ништо посебно не се, но решија голманите. Четири одбрани на нашите, Галија имаше над 10, со неколку фатени зицери.
Како што Митревски ни донесе победа со Украина, така денес овој го реши натпреварот.
Толку е квалитетот, квалитативно веќе влегуваме во оној шешир на најслаби селекции кои влегуваат на првенствава. И кога ќе паднеме по шеширите, ќе биде веќе прашање дали ќе можеме да се пласираме на ЕП/СП.
Надежта ми беше тоа што играме како на домашен терен, реално бајаги публика имавме, иако Чесиве се покажаа како ептен гласни, па публиката и не ни беше некој плус. Најголем виновник е Брестовац и одлуката да го остави Никола на клупа. Едноставно не може најдобриот поединец да ти биде на клупа, па каков сака нека бил договорот од претходно. Не може да правиш договори на невидено. Николче има одлична сезона, имаше одличен воведен меч и легендата го седнува на клупа. Втора работа е килавата одбрана, која што некако ја оправивме благодарение на Мишевски. И во второ полувреме Брестовац одлучува да го седне на клупа. Чешкиот селектор ни даде фора во прво полувреме играјќи со тоа мулето афричко, после го ставија Кашпарек и ни го кажа вицот. На ура се вративме во дуелот, за да ни одигра симултанка факинг Бабак. Им влегува, 6 играчи ги нанижува, едноставно не можам да разберам како не можеш да најдеш против одговор пола полувреме. За Лазаров сфаќам што немаат решение, него не му треба да влезе, си седи на страна и ќе ја опали. Повторно гази, секоја чест. Имаше 11 голови и еден куп асистенции.
Третиот проблем е вадењето на Столе во клучни моменти. Пешевски ти промашува неколку зицери и на крај Маркоски се решава да дава невозможно ефе, во ситуација кога имаме минус 1. Столе барем вади исклучувања цело време и со сигурност е попрецизен. Дечкото одигра маестрален Ф4, има тон искуство за вакви натпревари и ти го коваш на клупа. Освен ако не е повреда во прашање, не можам да сфатам што му беше идејата на Брестовац.
Немаме игра на крила, бековите се свртени кон Лазаров, никој не проигрува на крила. Левите бекови не навлекуваат играчи, не може да го проиграат Манасков. Сите голови кои ги дадоа беа при распадната противничка одбрана.
Танкоски некако највеќе се истакнува од останатите, во неколку ситуации немаше среќа и погоди пречка. Другите двајца не вредат да се коментираат. Кузмановски беше „дефанзивец“ демек, ама некако ни одбраната не му е јака страна, го шетаа како сакаат.
Не треба на натурализацијата да гледаме од перспектива како што гледаат ракометните незналици, едноставно да имавме играч како Скубе во составот, лагано ќе се боревме за прво место, не да се мачиме со мртва репрезентација како Чешка. Уште да имавме и некој дефанзивец како Абутовиќ, каде ќе ни беше крајот

Многу критики имаше за Раул за последните натпревари во кои игравме 7 на 6, а убаво си кажа дека ние во друга ситуација и не можеме да дадеме гол. И навистина ми фали Филипче во составов

Во ниту еден случај не требаше да стават дибек ко Брестовац како селектор, мораше да се оди со некој странец повторно. Ќе повторам неколку пати, не може да побараш 2-3 тајм аути и следната акција да ти заврши со цепелин. Не може при толку исклучувања на противникот, да немаш смислено акција во ситуација кога сме со играч повеќе. Не може таквите напади да ти завршуваат со удари од мртов агол или од 100 метри.
Се' на се', знаевме дека денес не чека решавачки дуел (пак ќе кажам, не само за првенството, туку општо и за иднината) и очекував да изиграме израмнет дуел кој на крај ќе го добиеме. Не можам да не нагласам дека препичкарски влегоа во однос на противничкиот голман, факинг Галија, на психа им удрија коментарите, им фати сто топки. Истите овие голмани вкупно немаа 5 одбрани против Австрија, Билик и Божовиќ ги решетаа од каде стигнат.
Загубивме, но уште сме во игра. Сега ни треба победа од 3 гола разлика против Австрија за да завршиме први
