Повеќе шанси има вака да се постигне меритократија. Јасно ми е тоа дека со квотите за вработување нема квалитет, јасно ми е дека ќе има некадарни но да се разбираме и само македонци да се вработуваат преку непптизам се вработуваа и вработуваат некадарни.
Мора да се слагаме дека проблематично е ако вам ви пречи повеќе некадарниот албанец отколку некадарниот македонец, а ви пречи.
Краткорочно ќе има компликации и незадоволства, ама долгорочно тоа ќе влиае добро за државата,ќе ги поврзе и интегрира повеќе албанците по институции и по дифолт во општеството. Колку и да е банално ќе има и повеќе пријателства, колку и да се мразиш со некого ако седиш до него во канцеларија секој ден ќе се спријателиш, ќе излезеш на пијанка, ќе му честиташ празник, па и ќе празнуваш заедно.
Уште поинтегрирани ќе бидат нивните деца.